Samsung The Premiere LSP7T User Manual page 202

Laser projector
Hide thumbs Also See for The Premiere LSP7T:
Table of Contents

Advertisement

Користење
• Овој уред користи батерии. Во вашата заедница
можеби постојат еколошки регулативи според
кои треба правилно да ги отстраните овие
батерии. Ве молиме обратете се кај вашите
локални власти за да добиете информации за
отстранување или рециклирање.
• Не го испуштајте или удирајте производот. Ако
производот е оштетен, исклучете го кабелот за
напојување и обратете се во сервисен центар
на Samsung.
• Ако треба целосно да го исклучите проекторот,
почекајте вентилаторот целосно да престане да
работи за проекторот да може целосно да се излади.
Напојување
• Не ги оптоварувајте ѕидните приклучоци за
струја, продолжителните кабли или адаптерите со
надминување на нивниот капацитет, бидејќи тоа
може да предизвика пожар или електричен удар.
• Каблите за напојување треба да се постават на
начин со кој ќе се избегне нивното газење или
приклештување со предмети кои се поставени врз или
до нив. Обрнете посебно внимание на приклучоците
на краевите од кабелот, ѕидните приклучоци за струја
и местата на кои излегуваат од уредот.
• За да го заштитите овој уред од удар од гром
или да го заштитите кога долг временски
период не се користи или надгледува, извадете
го кабелот од ѕидниот приклучок за струја и
исклучете ја антената или кабелскиот систем.
На тој начин ќе спречите оштетувања на уредот
предизвикани од удар од гром и промени во
напонските водови.
• Пред да го приклучите AC-кабелот од
проекторот, погрижете се оперативниот напон на
проекторот да одговара со напонот на локалното
електрично напојување. Погледнете го делот со
спецификации за напојувањето од прирачникот
и/или ознаката за напојување на производот за
информации за напонот и амперажата.
• Никогаш не вметнувајте метални предмети во
отворените делови на овој уред. Ова може да
предизвика електричен удар.
• За да избегнете електричен удар, никогаш не
допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само
квалификуван техничар смее да го отвора овој уред.
Македонски - 4
• Приклучете го кабелот за напојување дури откако
ќе го прицврстите уредот. Кога го исклучувате
кабелот за напојување од ѕиден приклучок за
струја, секогаш влечете за приклучокот на кабелот
за напојување. Никогаш не исклучувајте го со
влечење на самиот кабел. Не допирајте го кабелот
за напојување со влажни раце.
• Ако овој уред не работи нормално - поточно,
ако од него се слушаат невообичаени звуци или
излегува некоја миризба - веднаш исклучете
го од напојување и обратете се кај овластениот
продавач или во сервисен центар на Samsung.
• Не заборавајте да го извлечете кабелот за
напојување од приклучокот за струја ако
проекторот нема да се користи или ако
излезете од домот на подолг временски период
(особено кога деца, постари луѓе или луѓе со
посебни потреби ќе останат сами во домот).
– Насобраниот прав може да предизвика
електричен удар, истекување на струја или
пожар, бидејќи поради правта кабелот за
напојување може да создаде искри и топлина или
изолацијата може да ги изгуби своите својства.
• Користете само соодветно заземјени
приклучоци и штекери.
– Неправилното заземјување може да
предизвика електричен удар или оштетување
на опремата. (само опрема од класа l.)
• За да го исклучите целосно овој уред, извадете
го неговиот кабел од ѕидниот штекер. За
да можете брзо да го исклучите кабелот за
напојување на уредот доколку има таква
потреба, овозможете лесен пристап до ѕидниот
штекер и приклучокот за напојување.
Чистење
• За да го исчистите уредот, исклучете го кабелот
за напојување од ѕидниот штекер и избришете
го производот со мека и сува крпа. Не користете
никакви хемикалии како восок, бензен, алкохол,
разредувачи, инсектициди, освежувачи на
воздух, лубриканти или детергенти. Овие
хемикалии можат да го оштетат надворешниот
изглед на проекторот или да ги избришат
испечатените ознаки на производот.
• Не прскајте вода или каква било течност
директно на проекторот. Секоја течност која
ќе навлезе во производот може да предизвика
неисправност, пожар или електричен удар.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

The premiere lsp9tSp-lsp7tfaSp-lsp9tfa

Table of Contents