Прикажување на темата за заднина
Со криење на апликациите и виџетите на основниот екран можете да ја
прикажувате само на сликата на заднината.
Оддалечете еден од друг два прста додека ги држите на основниот екран.
•
За да го вратите оригиналниот екран на кој се прикажани апликациите
и виџетите, приближете два прста еден до друг допрени на основниот
екран или допрете на
Барање апликации на основниот екран
Можете лесно да ги пребарувате апликациите инсталирани на основниот
екран со внесување на името на саканата апликација во виџетот Google .
Листата на инсталираните апликации се појавува на екранот за
пребарување на Google.
Преместување апликација на основниот екран
На основниот екран, допрете и држете на некоја апликација и потоа
одвлечете ја на друго место.
•
За да ги зачувате често користените апликации во долниот дел од
основниот екран, допрете и држете на некоја апликација, потоа
одвлечете ја во зоната за брз пристап во долниот дел.
•
За да отстраните икона од зоната за брз пристап, одвлечете ја иконата
на основниот екран.
Основни функции
.
57