•
Сензор за близина/амбиентно светло
- Сензор за близина: За време на повик, сензорот за близина го
исклучува екранот и ја оневозможуваа функцијата на допирање
кога уредот е блиску до човечко тело. Тој повторно го вклучува
екранот и ја овозможува функцијата на допирање кога уредот е
надвор од даден опсег.
- Сензор за амбиентно светло: Сензорот за амбиентно светло го
анализира интензитетот на амбиентното светло кога е вклучен
режимот за автоматска контрола на осветленоста.
•
Автоматски фокус со ласерска детекција
- Го детектира растојанието од камерата до субјектот за автоматско
фокусирање.
- Брзо фокусира на поблиски или подалечни објекти кога ја
користите задната камера за снимање фотографии.
•
Копчиња за гласност
- Служат за нагодување на гласноста на тоновите на ѕвонење,
повиците или известувањата.
- За да снимите фотографија, благо притиснете на копче за гласност.
За да снимите континуирано низа фотографии, притиснете и држете
на копче за гласност.
- За да ја стартувате апликацијата Фотоапарат кога екранот
е заклучен или исклучен, притиснете двапати на копчето за
намалување на гласноста (-). За да ја стартувате Сними+, притиснете
го двапати копчето за наголемување на гласноста (+).
•
Копче за вклучување/исклучување/заклучување (сензор за отпечаток
на прстот)
- Кратко притиснете го копчето кога сакате да го вклучите или
исклучите екранот.
- Притиснете и држете на копчето кога сакате да изберете опција за
контрола на вклучувањето/исклучувањето.
- Внимателно ставете го прстот на копчето кога сакате да го отклучите
екранот со вашиот отпечаток на прст.
•
За некои функции може да биде ограничен пристапот во зависност од
спецификациите на уредот.
Основни функции
39