Вклучи екран
Екранот можете да го вклучите или исклучите со брзо допирање на
екранот двапати.
•
Оваа опција е достапна само за основниот екран даден од LG. Таа може
да не функционира правилно со приспособени стартувачи на уредот
или со основни екрани инсталирани од корисникот.
•
При допирање на екранот користете ги врвовите на прстите. Не
користете ги ноктите на прстите.
•
За да ја користите одликата KnockON, внимавајте сензорот за близина/
светлина да не е покриен со налепница или некоја друга надворешна
супстанција.
Вклучување на екранот
Брзо допрете два пати на средината на екранот.
•
Допирањето во горниот или долниот дел на екранот може да ја
намали стапката на препознавање.
Исклучување на екранот
Допрете двапати на статусната лента, на празна област на почетниот
екран или на заклучениот екран.
Knock Code
Екранот можете да го отклучувате со креирање на ваша шифра на
допирање. Кога екранот е заклучен, можете директно да пристапите
на основниот екран со допирање на екранот по одреден временски
редослед.
•
Вашата шифра на допирање можете да ја користите заедно со одликата
KnockOn.
•
Доколку последователно внесете неточен Knock Code повеќе пати од
наведеното, можете да извршите отклучување со помош на вашиот
резервен PIN код.
•
Внимавајте да ги користите врвовите на прстите при допирањето на
екранот.
Основни функции
41