LG K220 User Manual page 903

Hide thumbs Also See for K220:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Напатствија за безбедно и ефикасно
користење
Ве молиме прочитајте ги овие едноставни инструкции. Нивното непочитување
може да биде опасно или противзаконско.
Доколку настане грешка, во вашиот уред е вградена софтверска алатка која ќе
запише дневник за евиденција на грешки. Оваа алатка прибира само податоци
кои се специфични за грешката, како јачина на сигналот, позицијата на мобилниот
уред со ID при ненадеен прекин на повик и вчитаните апликации. Дневникот за
евиденција се користи само за да се одреди причината за грешката. Овие дневници
за евиденција се шифрирани и до нив може да пристапи единствено овластен LG
центар за поправки каде би требало да го однесете вашиот уред за поправка.
Важни информации за уредот
Апликациите и услугите на уредот се подложни на промена или укинување
без претходно известување, во зависност од ситуацијата на обезбедувачот на
услугата или верзијата на софтверот.
Кога уредот се вклучува за првпат, се извршува почетната конфигурација.
Времето при првото подигнување може да биде подолго од вообичаеното.
Прочитајте пред употреба
За да купите опционални елементи, обратете се до LG центарот за информации
за корисници за да ги дознаете продавачите.
Изгледот и спецификациите на уредот се подложни на промени без претходно
известување.
Немојте да ги користите производите на LG за цели кои не спаѓаат во нивната
намена. Користењето на апликации или софтвер без сертификат може да го
оштети уредот, а ова не е опфатено со гаранцијата.
Изложување на радиофреквентна енергија
Информации за изложување на радиобранови и специфична апсорпциона стапка
(SAR).
Овој уред е дизајниран за да ги задоволува безбедносните барања за изложување
на радиобранови. Овие барања се базираат на научни упатства кои вклучуваат
граници на безбедност потребни да ја гарантираат сигурноста на сите луѓе,
независно од нивната возраст или здравствена состојба.
5

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Lg-k220

Table of Contents