Македонски - Bosch D-tect 150 Professional Original Instructions Manual

Hide thumbs Also See for D-tect 150 Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
OBJ_DOKU-51842-001.fm Page 164 Friday, March 4, 2016 1:31 PM
164 | Македонски
Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да
се внимава на нив. Доколку мерниот алат
не се употребува според постојните
упатства, можно е да се нарушат
интегрираните предупредувања за заштита
на мерниот алат. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ
УПАТСТВА.
 Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на мерниот уред.
 Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
 Поради технички услови, мерниот уред не може да
гарантира стопроцентна сигурност. За да ги
избегнете опасностите, пред секое дупчење,
сечење со пила или глодање во ѕидови, плафони или
подови, обезбедете и друг извор на информации
како на пр. градежни планови, фотографии од
градежната фаза итн. Влијанијата на околината, како
влагата на воздухот или близината со други електрични
уреди може да ја попречат точноста на мерниот уред.
Составот и состојбата на ѕидот (на пр. влага, градежни
материјали што содржат метал, спроводливи тапети,
изолација, плочки) како и бројот, видот, големината и
положбата на објектите може да влијаат на резултатите
од мерењето.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за барање на објекти во ѕидови,
плафони и подови. Во зависност од материјалот и
состојбата на подлогата, може да се најдат метални
објекти, дрвени греди, пластични цевки, спроводници и
кабли. Од најдените објекти се одредува дозволената
длабочина на дупчење на горниот дел на објектот.
Мерниот уред ги исполнува граничните вредности според
EN 302435. Врз основа на ова мора да се разјасни дали
мерниот уред смее да се употребува на пр. во болници,
нуклеарни централи и во близина на аеродроми и
мобилни станици.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на мерните апарати на графичката страница.
1 609 92A 26X | (4.3.16)
1 Горен обележувач
2 Тркало
3 Лев одн. десен обележувач
4 Поклопец на преградата за батеријата
5 Фиксирање на поклопецот на преградата за батерија
6 Дршка
7 Сервисен поклопец
8 Сериски број
9 Поле на сензор
10 Копче за избирање, десно
11 Копче за старт
Start
12 Копче за избирање, лево
13 Копче за сигнален тон
14 Копче за подесување
Setup
15 Копче за вклучување-исклучување
16 Екран
17 LED
18 Заштитна ташна
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.
Елементи на приказот
a Приказ за сигналниот тон
b Приказ на батеријата
c Приказ за полето на сензорот
d Веќе пребарано поле
e Мерна скала за дозволената длабочина на дупчење
f Сѐ уште непребарано поле
g Надворешни рабови, да се обележи на обележувачот
3 лево одн. десно
h Приказ за видот на режим
i Сиво: пронајден објект надвор од полето на сензорот
j Црно: пронајден објект во полето на сензорот
k Средна линија, одговара на обележувачот 1
l Приказ за дозволената длабочина на дупчење
m Приказ за материјал на објектот
n Приказ од електрични кабли под напон
Технички податоци
Универзални детектори
Број на дел/артикл
Мерна точност на средината на
1)
објектот a
Точност на прикажаната, дозволена
1)
длабочина на дупчење b
Минимално растојание помеѓу два
1)
соседни објекти c
Температура при работа
Температура при складирање
Батерии
Акумулатори
D-tect 150
3 601 K10 005
2)
±5 мм
2)
±5 мм
2)
4 см
–10...+50 °C
–20...+70 °C
4 x 1,5 V LR06 (AA)
4 x 1,2 V HR06 (AA)
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents