Download Print this page

Користење На Уредот; Гаранција И Поддршка - Philips BT720x series User Manual

Hide thumbs Also See for BT720x series:

Advertisement

- Не користете ја единицата за
напојување на или близу до ѕидни
приклучоци на кои има или имало
електрични освежувачи за воздух
за да спречите непоправлива
штета на единицата за напојување.
Електромагнетни полиња (EMF)
-
Овој Philips уред е во согласност со сите важечки
стандарди и регулативи во врска со изложеноста на
електромагнетни полиња.
Општо
-
Уредот е погоден за мрежен напон од 100 до 240
волти.
-
Единицата за напојување го трансформира напонот
од 100-240 волти во безбеден низок напон од
помалку од 24 волти.
-
Максимално ниво на бучава: Lc = 75 dB(A).
Приказ
Индикатори за состојба на батерија
-
Кога батеријата е речиси празна, индикаторот за
полнење на батеријата трепка портокалово (Сл. 3).
-
Кога уредот се полни, индикаторот за полнење на
батеријата трепка бело (Сл. 4).
-
Кога батеријата е целосно наполнета, индикаторот за
полнење на батеријата свети бело постојано (Сл. 5).
Забелешка: Светлата се гаснат автоматски по 30 минути.
Индикатори за должина на влакна
Избраната должина на влакната ќе се прикаже над
тркалцето за зголемување и намалување кога ќе ја изберете
поставката за посакуваната должина со тркалцето (Сл. 6).
Полнење
Полнењето трае приближно 1 час. Наполнете го уредот
пред да го користите првпат и кога дисплејот укажува на
тоа дека батеријата е речиси празна.
1 Осигурете се дека уредот е исклучен.
2 Ставете го адаптерот во ѕидниот приклучок и
ставете го малиот приклучок во уредот (Сл. 7).
3 По полнењето, отстранете го адаптерот од ѕидниот
приклучок и исклучете го малиот приклучок од уредот.
Кога уредот е целосно наполнет, тој може да работи без
кабел до 60 минути.
Користење на уредот
Забелешка: Уредот може да се користи без кабел или
директно од електричниот приклучок.
Можете да го користите овој уред за мали влакненца и кратка
брада. Овој уред има интегриран систем со вакуум што ги
собира влакненцата од избричената брада за да се создава
помалку неред.
Системот со вакуум се активира автоматски веднаш
штом ќе го вклучите уредот.
Забелешка: Исклучете го и исчистете го уредот по секое
користење.
Вклучување и исклучување на уредот
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување еднаш
за уредот да го вклучите или да го исклучите (Сл. 8).
Потстрижување без чешел
-
Можете да го користите уредот без чешел за брада и
влакненца за да потстрижувате влакна блиску до кожата
или за да правите контура на вратот и бакенбардите. За
да потстрижувате влакна блиску до кожата, поставете ја
рамната страна на главата за потстрижување до вашата
кожа и правете движења во саканата насока (Сл. 9).
-
Можете да го користите потстрижувачот за
прецизност за да создавате фини линии и контури
околу вашето лице, блиску до кожата (Сл. 10).
Едноставно извадете го (Сл. 11) елементот за сечење
и ставете го потстрижувачот (Сл. 12) за прецизност.
-
За правење контури, држете ја главата за
потстрижување под прав агол на кожата и движете ја
главата за потстрижување нагоре или надолу со благ
притисок (Сл. 13).
Потстрижување со чешел
Можете да го користите чешелот за брада и влакненца
прикачен на елементот за сечење за да ги обликувате
брадата и мустаќите во стилот што го посакувате.
Може да избирате од 20 поставки за должина во опсег
од 0,5 мм до 10 мм во чекори од 0,5 мм.
1 Прикачете го чешелот на уредот (Сл. 14).
2 Вртете го тркалцето за зголемување и намалување за да
ја изберете поставката (Сл. 6) за посакуваната должина.
Забелешка: Кога потстрижувате првпат, започнете со
поставката за најголема должина за да се запознаете
со уредот.
3 Вклучете го уредот.
4 За да потстрижувате најефективно, движете го
уредот спротивно од насоката на растење на
влакната. Осигурете се дека површината на чешелот
секогаш е во контакт со кожата (Сл. 15).
Чистење и одржување
Чистење на уредот
Забелешка: Само елементот за сечење и чешелот може
да се исчистат со вода.
Ви советуваме да ја испразните комората за собирање
влакна по секоја сесија на потстрижување. Кога
потстрижувате долги, густи бради, можеби ќе биде
неопходно да ја празните комората за собирање влакна
и за време на сесијата на потстрижување, со цел да се
одржат оптималните перформанси за влечење.
1 Исклучете го уредот и извадете го од електричниот
приклучок.
2 Избришете го куќиштето на уредот со сува ткаенина.
3 Отстранете го чешелот (Сл. 16) и исчистете го со
четкичката за чистење и/или исплакнете го под чешма
(Сл. 17).
4 Отстранете го елементот за сечење и исчистете го
под чешма (Сл. 18). Истресете го вишокот вода и
оставете да се исуши целосно.
Внимание: Никогаш немојте да го сушите елементот за
сечење со крпа или со ткаенина затоа што ова може да
ги оштети запците за потстрижување.
5 Истресете ги и/или исчеткајте ги влакната што се
насобрале во комората за влакна (Сл. 19, Сл. 20).
6 По чистењето, повторно прикачете ги елементот
(Сл. 21) за сечење и чешелот (Сл. 14) на уредот.
Рециклирање
-
Овој симбол означува дека овој производ не треба да
се фрла заедно со обичниот отпад од домаќинствата
(2012/19/EU) (Сл. 22).
-
Овој симбол означува дека овој производ содржи
вградена батерија на полнење која не треба да се
фрла со обичниот отпад од домаќинствата (Сл.
23) (2006/66/EC). Строго ви препорачуваме да го
однесете вашиот производ до назначено место за
собирање или сервисен центар на Philips за да може
професионално лице да ја отстрани батеријата на
полнење.
-
Придржувајте се до правилата во вашата земја за
посебно собирање на електрични и електронски
производи и батерии на полнење. Правилното
отстранување помага да се спречат негативни
последици за животната средина и здравјето на
човекот.
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка,
посетете ја страницата www.philips.com/support или
прочитајте го летокот со меѓународната гаранција.

Advertisement

loading