Брзо Полнење; Користење На Уредот - Philips BRL180 User Manual

Hide thumbs Also See for BRL180:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome.
Општ опис (слика 1)
Рачка
1
2 Копче за вклучување/исклучување
3 Индикатор за батерија
4 Копче за отпуштање
5 Штекер за мал приклучок
6 Глава за бричење
7 Машинче за прецизно отстранување на
влакната
8 Фолии
9 Лизгач за отпуштање на држачот за фолија
10 Капаче за патување со блокатор
11 Капаче на затегнувач за кожата
12 Мала глава за бричење (само BRL180)
13 Заштитно капаче за мала глава за бричење
(само BRL180)
14 Глава на машинче за прецизно отстранување
на влакната на препоните (само BRL180,
BRL170)
15 Чешел на машинче за прецизно отстранување
на влакната на препоните (само BRL180,
BRL170)
16 Четка за чистење
17 Адаптер
Не е прикажано: Торбичка
Се полни
Забелешка: Наполнете го уредот целосно пред да
го користите по прв пат.
Забелешка: Овој уред може да се користи само без
кабел.
За да го наполните уредот, ставете го малиот
приклучок во штекерот на долниот дел на уредот и
приклучете го адаптерот на штекер од
електричната мрежа.
- Индикаторот за наполнетост трепка бело (Сл.
2): уредот се полни. Полнењето трае до 1 час.
- Индикаторот за наполнетост свети бело
непрекинато (Сл. 3): уредот е целосно наполнет
и може да се користи до 60 минути без
приклучување на напојување.
- Индикаторот за наполнетост не светнува кога
уредот ќе се вклучи: уредот има доволно
енергија за да се користи.
- Индикаторот за наполнетост трепка
портокалово (Сл. 2): батеријата е речиси празна
и треба да се наполни.
Забелешка: Ако уредот е целосно наполнет, но
сепак е поврзан на електричната мрежа,
индикаторот за наполнетост трепка неколку пати
кога ќе го притиснете копчето за
вклучување/исклучување. Ова укажува дека треба
да го исклучите уредот од електричната мрежа
пред да можете да го вклучите.
Брзо полнење
- Кога батеријата е целосно празна и кога ќе
почнете да ја полните, индикаторот за
наполнетост трепка брзо во бела боја.
- По приближно 5 минути, индикаторот за
наполнетост почнува да трепка бавно во бела
боја. Во овој момент, батеријата содржи
доволно енергија за да го завршите вашето
бричење.
Користење на уредот
Вклучување и исклучување на уредот
За да го вклучите уредот, притиснете го еднаш
1
(Сл. 4) копчето за вклучување/исклучување.
2 За да го исклучите уредот, притиснете го уште
еднаш копчето за вклучување/исклучување.
Прикачување и откачување на главите
За да прикачите глава, притиснете ја на рачката
1
('клик') (Сл. 5).
2 За да откачите глава, притиснете го копчето за
отпуштање на задниот дел од уредот (Сл. 6).
Прикачување и откачување на додатоците
За да прикачите додаток, едноставно вметнете
1
го на главата ('клик') (Сл. 7).
2 За да откачите додаток, фатете го однапред и
одзади и повлечете го нагоре за да излезе од
главата (Сл. 8). За да откачите чешел,
повлечете го неговиот заден дел нагоре со нокт
(Сл. 9).
Бричење и прецизно отстранување на
влакната
Уредот е погоден за употреба во бањата или под
туш, но можете да го користите и на суво. Ако
сакате да користите кремови или лосион за тело,
нанесете ги откако сте го користеле уредот.
Забелешка: Уредот може да се користи само без
кабел.
Забелешка: Кога го користите уредот за прецизно
отстранување на влакната, користете го на суво за
да добиете најдобар резултат.
Поставете го уредот на кожата на начин така
1
што додатокот или помошниот дел да има
целосен контакт со кожата (Сл. 10).
2 Кога го користите уредот на чувствителни
места, затегнете ја кожата со слободната рака.
Кога го користите уредот под мишките, кренете
ја раката и ставете ја дланката на тилот за да ја
затегнете кожата (Сл. 11).
3 Движете го уредот бавно во насока спротивна
од насоката на растење на влакната (Сл. 12).
Забелешка: Ако пребрзо го движите уредот на
вашата кожа, може да не добиете мазен резултат.
Глава за бричење
Главата за бричење можете да ја користите за
бричење на нозете и телото.
Забелешка: Пред употреба, секогаш проверувајте
ги фолиите. Ако се оштетени на каков било начин,
заменете ги веднаш (видете 'Замена').
Капаче на затегнувач за кожата
На главата за бричење можете да го ставите
капачето на затегнувачот на кожата за да стојат
влакната исправени додека се бричите. Тоа го
олеснува нивното отстранување.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Brl170Brl160

Table of Contents