Додавање Производи За Чистење - LG FH2U2HDN Series Owner's Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Додавање производи за
чистење
Дозирање детергент
• Детергентот треба да се користи согласно
упатствата на производителот на детергентот и да
се избира според видот, бојата, извалканоста на
ткаенината и температурата на перење.
• Ако се користи премногу детергент, може да
настане премногу пена што ќе резултира со слаби
резултати при перењето и да го оптовари моторот.
• Ако сакате да користите течен детергент, следете
ги насоките приложени од производителот на
детергентот.
• Течен детергент може да налеете директно во
главната фиока за детергент ако циклусот го
започнувате веднаш.
• Не користете течен детергент ако користите
Одложено време, или ако сте избрале
Претперење, бидејќи течноста може да се стврдне.
• Ако настане премногу пена, намалете ја
количината на детергент.
• Употребата на детергент може да се приспособи
според температурата на водата, тврдоста,
големината на полнење и нивото на извалканост.
За најдобри резултати, избегнувајте преголеми
количини.
• Погледнете ја етикетата за грижа на алиштата пред
да изберете детергент и температура на водата.
• Кога ја користите машината за перење, користете
го само назначениот детергент за секој вид
алишта:
– Вообичаени детергенти во прашок за сите
типови ткаенини
– Детергенти во прашок за нежни ткаенини
– Течни детергенти за сите типови ткаенини или
детергенти само за волна
• За подобри резултати при перењето и
обелувањето, користете детергент со генерално
белило во прашок.
• Детергентот се собира од фиоката на почетокот на
циклусот.
18
НАПОМЕНА
• Не дозволувајте детергентот да се стврдне.
Во спротивно, може да дојде до затнување,
слаби резултати при плакнењето и појава на
миризби.
• Целосно полнење: Според препораките на
производителот.
• Делумно полнење: 3/4 од нормалната количина
• Минимално полнење: 1/2 од целосното
полнење
Додавање детергент и омекнувач на
ткаенини
Додавање детергент
• Само главно перење →
• Претперење+Главно перење →
НАПОМЕНА
• Премногу детергент, белило или омекнувач
може да предизвика излевање.
• Проверете дали ја користите соодветната
количина детергент.
Додавање омекнувач за ткаенини
• Не надминувајте ја линијата за максимално
полнење. Преполнувањето може да предизвика
рано собирање на омекнувачот што може да
направи дамки на алиштата. Затворете ја фиоката
бавно.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents