Samsung WF702U2SA series User Manual page 430

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
чистење и одржување на
машината за перење
поправка на заМрзната Машината за перење
Ако температурата падне под нивото на замрзнување и вашата машина замрзне:
1. Исклучете ја од напојување.
2. Истурете топла вода врз славината за довод на вода за да се разлабави цревото.
3. Извадете го цревото и потопете го во топла вода.
4. Истурете топла вода во барабанот и оставете да постои 10 минути.
5. Повторно поврзете го цревото за довод на вода со славината и проверете дали
доводот и одводот на вода се нормални.
складирање на Машината за перење
Доколку треба да ја складирате машината за перење подолг период, подобро е да ја испуштите
водата и да ги извадите приклучоците. Машината за перење може да се оштети ако пред
складирањето има вода во цревата и внатрешните компоненти.
1. Изберете го циклусот Cotton (памук), притиснете го копчетo Quick Wash (брзо
перење) и оставете ја вашата машина за перење да сработи еден циклус празна.
2. Затворете ги славините за вода и откачете ги цревата за довод.
3. Откачете ја машината од електричниот штекер и оставете ја отворена вратата
од машината, за да се овозможи циркулација на воздухот во внатрешноста на
центрифугата.
Ако машината за перење била складирана на температури под нулата, пред
користењето оставете доволно време за одмрзнување на водата која можеби се
задржала во машината.
Македонски - 34

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents