LG 32LB5610-ZC Owner's Manual page 437

Hide thumbs Also See for 32LB5610-ZC:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 25
ПОСТАВКИ
Автоматско поставување на програмите
SETTINGS ПОСТАВУВАЊЕ Автоматско бирање
Автоматско бирање на програмите.
y Ако влезниот извор не е правилно поврзан,
регистрирањето на програмата може да не
функционира.
y Со Автоматско бирање се пронаоѓаат само
програмите кои емитуват содржини во моментот.
y Ако е вклучен Системот за заклучување, ќе
се прикаже појавувачки прозорец и од вас ќе се
побара лозинка.
Прилагодување на сликата со Волшебник за слика
SETTINGS СЛИКА Волшебник за слика III
[Во зависност од моделот]
Врши калибрирање и прилагодување за добивање
слика со оптимален квалитет со помош на
далечинскиот управувач и волшебникот за слика без
потреба од скапи уреди за шеми на слика или помош
од стручно лице.
За да изберете Режим на слика
SETTINGS СЛИКА Режим на слика
Избирање режим на слика кој е оптимизиран за
дадените услови за гледање или програмата.
y Живописен : Се зголемува контрастот,
осветленоста и острината за прикажување на
живописна слика.
y Стандарден : Сликата се прикажува со стандардно
ниво на контраст, осветленост и острина.
y Eco/APS : [Во зависност од моделот]
Функцијата за Штедење на енергија ги менува
поставките на телевизорот за да се намали
потрошувачката на енергија.
y Кино / Игра : Приказ на оптималната слика за
филмови, игри и фотографии (неподвижни слики).
y Спорт : Се оптимизира видео сликата за
динамични движења преку нагласување на
примарните бои како белата боја, бојата на трева
или небо.
Експерт 1, 2 : Мени за прилагодување
y
на квалитетот на сликата кое на експертите и
љубителите им овозможува да уживаат во најдобра
ТВ слика. Ова е мени за прилагодување наменето
за професионалните лица за прилагодување на
слика со ISF сертификат. (ISF логото може да се
користи само на телевизори со ISF сертификат.)
ISFccc: Imaging Science Foundation Certified Calibra-
tion Control.
y Во зависност од влезниот сигнал, достапниот опсег
на режими на слика може да се разликува.
Експерт режимот е наменет за стручните
y
лица за прилагодување на сликата за
контролирање и фино прилагодување на конкретна
слика. За нормална слика, ефектите може да не
бидат очигледни.
y ISF функцијата е достапна само кај одредени
модели.
Поставување на напредна контрола
SETTINGS СЛИКА Режим на слика Напредна
контрола / Експертска контрола
Калибрирање на екранот за конкретните режими
на слика; или пак прилагодување на поставките за
добивање на специфична слика. Прво изберете
Режим на слика по ваш избор.
y Динамичен контаст : Прилагодување на контрастот
кон оптималното ниво во зависност од осветленоста
на сликата.
y Динамична боја : Прилагодување на боите за да може
изгледот на сликата да биде со поприродни бои.
y Боја на кожа : Спектарот на боите на кожата се
поставува одделно за да се добие боја на кожа по
избор на корисникот.
y Небесно-сина боја : Бојата на небото се поставува
одделно.
y Зелена боја : Спектарот на боите на природата (ливади,
падини итн.) може одделно да се поставува.
y Гама : Поставување на кривата за градација според
излезот на сигналот за слика во однос на влезниот
сигнал.
y Опсег на боја : Избор на опсегот на бои кој може да
се прикаже.
y Подобрување на рабовите : Прикажува појасни и
остри, а сепак природни рабови на видео записот.
y Експертска шема : [Во зависност од моделот]
Шеми кои се користат за експертско прилагодување.
y Филтер на боја : Филтрирање на специфичен
спектар од RGB боите за прецизно поставување на
заситеноста на боите и нијансата.
y Темп. боја : Се прилагодува глобалниот тон на
сликата по ваша желба. Во експертскиот режим,
деталното фино прилагодување може да се врши
преку гама метод итн.
y Систем за управување со бои : Ова е систем кој го
користат експертите кога ги прилагодуваат боите со
помош на тест шема. Тие може да избираат помеѓу
шест подрачја на бои (црвена / зелена / сина / цијан
/ магента / жолта) без влијаење врз другите бои.
За нормална слика, прилагодувањата може да не
резултираат со забележителна промена на боите.
y Во зависност од влезниот сигнал или од другите
поставки за слика, опсегот на деталните елементи за
прилагодување може да се разликува.
21
ПОСТАВКИ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents