Samsung HDC6145BX User Instructions page 13

Hide thumbs Also See for HDC6145BX:
Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

  • ENGLISH, page 15
Препорачуваме цевка за одвод на воздух со ист дијаметар
како и отворот за издувување на воздух. Доколку се
користи цевка со помал дијаметар, може да се намали
ефикасноста на производот и неговото работење може
да стане побучно.
• Прицврстување на ѕид
издупчете ги дупките A во согласност со назначените
растојанија (сл.2). Прицврстете го апаратот на ѕид и
извршете порамнување во хоризонтална положба. По
прилагодувањето на апаратот, прицврстете го до крај
со помош на завртките A (сл.5). За различните случаи на
монтирање користете завртки и типли соодветни на видот
на ѕидот (на пр. армиран бетон, гипс итн.). Ако завртките
и типлите се испорачани со производот, проверете дали
тие се погодни за видот на ѕидот на кој ќе се прицврсти
аспираторот.
• Прицврстување на украсниот телескопски канал
внимавајте да не го изгребете каналот; ставете ракавици
при отстранување на заштитната фолија. (сл. 3).
Прилагодете го доводот на електрична енергија кон
димензиите на украсниот канал. Ако вашиот апарат
се инсталира во верзијата со вентилациски канал или
верзијата со надворешен мотор, подгответе го отворот за
издувување на воздух. Прилагодете ја ширината на носачот
за поддршка на горниот канал (сл.4). Потоа прицврстете
го на ѕид со помош на завртките A (сл.4) на начин за да
се постигне порамнување со апаратот и со одржување
на растојанието од ѕидот прикажано на сл.2. Поврзете ја
фланшата C на отворот за одвод на воздух со користење на
спојна цевка (сл.5). Вметнете го горниот канал во долниот
канал и поставете го над рамката. Извлечете го горниот
канал до носачот и прицврстете го со завртките B (сл.4).
За префрлување на аспиратор од верзија со вентилациски
канал во верзија со филтри, запрашајте го вашиот
продавач за филтри со јаглен и следете ги напатствијата
за монтажа.
• Верзија со филтри
монтирајте го аспираторот и двата канали како што е
опишано во делот за монтирање на аспиратор со каналско
издувување. За монтирање на каналот за филтрирање
погледнете ги напатствијата кои се испорачуваат во
комплетот.
Доколку комплетот не е испорачан, нарачајте го од вашиот
продавач како дополнителна опрема.
Филтрите мора да се постават на единицата за всисување
која се наоѓа во аспираторот. Тие треба да бидат
центрирани со завртување за 90 степени додека не се
затвори спојката (сл. 8).
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ
• Се препорачува аспираторот да се вклучи пред готвењето
на храната. Исто така се препорачува апаратот да се остави
да работи 15 минути по завршувањето на готвењето, за
целосно да се отстрани контаминираниот воздух.
Правилното функционирање на аспираторот зависи од
редовното одржување; особено внимание треба да се
посвети на филтерот против маснотии и филтерот со
активен јаглен.
• Филтерот против маснотии се користи за собирање
на масните честички кои лебдат во воздухот и заради тоа
тој е подлежен на заситување (времето кое е потребно
филтерот да се засити зависи од начинот на користење
на апаратот).
- За да се спречи можна опасност од пожар, филтрите
против маснотии треба да се мијат минимално на секои
2 месеци (ако е можно за оваа цел користете машина за
миење садови).
- По неколку миења, бојата на филтрите може да се промени.
Ова не значи дека тие треба да бидат заменети.
Ако не се придржувате до напатствијата за замена и
миење, филтрите против маснотии можат да претставуваат
опасност од пожар.
• Филтрите со активен јаглен се користат за пречистување
на воздухот кој се ослободува назад во просторијата.
Филтрите не можат да се мијат ниту повторно да се
користат и мораат да се заменат најмалку еднаш секои
четири месеци. Нивото на заситеност на филтерот со
активен јаглен зависи од честотата на користењето на
апаратот, видот на готвењето и редовноста на чистењето
на филтерите против маснотии.
• Аспираторот чистете го редовно, внатрешно и
надворешно, со крпа натопена во денатуриран алкохол
или неутрален неабразивен течен детергент.
• Осветлувањето на аспираторот е дизајнирано за
користење при готвење, а не за општо осветлување на
просторијата. Долготрајното користење на осветлувањето
го намалува векот на траење на светилката.
• Команди: (сл.6) симболите на механичките копчиња се
објаснети подолу:
A = ОСВЕТЛУВАЊЕ
B = ИСКЛУЧЕНО
C = БРЗИНА I
D = БРЗИНА II
E = БРЗИНА III
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ОТФРЛА СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ
З А Е В Е Н Т УА Л Н И Ш Т Е Т И П Р Е Д И З В И К А Н И ОД
Н Е П О Ч И Т У В А Њ Е Т О Н А Г О Р Е Н А В Е Д Е Н И Т Е
ПРЕДУПРЕДУВАЊА.
- 13 -

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents