Samsung HDC6255BG User Instructions page 28

Hide thumbs Also See for HDC6255BG:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
воздух или одвод на гасовите од уреди кои не работат на
електрична енергија.
Пред да продолжите со постапката за монтирање,
отстранете го филтерот(-ите) против маснотии (сл.7) за да
можете полесно да ракувате со апаратот.
Во случај на монтирање на апаратот во изведба со
издувување, подгответе дупка за одвод на воздухот.
Препорачуваме цевка за одвод на воздух со ист дијаметар
како и отворот за издувување на воздух. Доколку се
користи цевка со помал дијаметар, може да се намали
ефикасноста на производот и неговото работење може
да стане побучно.
• Прицврстување на ѕид
издупчете ги дупките A во согласност со назначените
растојанија (сл.2).
Прицврстете го апаратот на ѕид и извршете порамнување
во хоризонтална положба. По прилагодувањето на
апаратот, прицврстете го до крај со помош на завртките
A (сл.5).
За различните случаи на монтирање користете завртки
и типли соодветни на видот на ѕидот (на пр. армиран
бетон, гипс итн.). Ако завртките и типлите се испорачани
со производот, проверете дали тие се погодни за видот на
ѕидот на кој ќе се прицврсти аспираторот.
• Прицврстување на украсниот продолжен ќунк
внимавајте да не го изгребете каналот; ставете ракавици
при отстранување на заштитната фолија. (сл. 3).
- Предупредување! Ако вашиот модел на апаратот има
долен приклучок со јазиче, пред да го прицврстите на
неговото место, свиткајте го јазичето навнатре со клешти,
како што е прикажано на слика 5, чекор 1.
Поставете го напојувањето со електрична енергија во
склад со димензиите на украсниот ќунк. Ако вашиот апарат
треба да се намести како верзија за во вентилација или
со надворешен мотор, подгответе го отворот за излез
на воздухот.
Приспособете ја широчината на држачот на горниот дел
на ќункот (слика 4). Потоа прицврстете го на плафонот со
помош на шрафовите A (слика 4) така што ќе биде порамнет
со капакот, соодветно на растојанието од плафонот
прикажано на слика 2. Поврзете го ободот C со отворот
за излез на воздухот со цевка за поврзување (слика 5).
Вметнете го горниот ќунк во долниот и положете ги врз
рамката. Продолжете го горниот ќунк нагоре до држачот
и прицврстете го со шрафовите B (слика 4).
За префрлување на аспиратор од верзија со вентилациски
канал во верзија со филтри, запрашајте го вашиот
продавач за филтри со јаглен и следете ги напатствијата
за монтажа.
• Верзија со филтри
монтирајте го аспираторот и двата канали како што е
опишано во делот за монтирање на аспиратор со каналско
издувување. За монтирање на каналот за филтрирање
погледнете ги напатствијата кои се испорачуваат во
комплетот.
Доколку комплетот не е испорачан, нарачајте го од вашиот
продавач како дополнителна опрема.
Филтрите мора да се постават на единицата за всисување
која се наоѓа во аспираторот. Тие треба да бидат
центрирани со завртување за 90 степени додека не се
затвори спојката (сл. 8).
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ
• Се препорачува аспираторот да се вклучи пред готвењето
на храната. Исто така се препорачува апаратот да се остави
да работи 15 минути по завршувањето на готвењето, за
целосно да се отстрани контаминираниот воздух.
Правилното функционирање на аспираторот зависи од
редовното одржување; особено внимание треба да се
посвети на филтерот против маснотии и филтерот со
активен јаглен.
• Филтерот против маснотии се користи за собирање
на масните честички кои лебдат во воздухот и заради тоа
тој е подлежен на заситување (времето кое е потребно
филтерот да се засити зависи од начинот на користење
на апаратот).
- За да се спречи можна опасност од пожар, филтрите
против маснотии треба да се мијат минимално на секои
2 месеци (ако е можно за оваа цел користете машина за
миење садови).
- По неколку миења, бојата на филтрите може да се промени.
Ова не значи дека тие треба да бидат заменети.
Ако не се придржувате до напатствијата за замена и
миење, филтрите против маснотии можат да претставуваат
опасност од пожар.
• Филтрите со активен јаглен се користат за пречистување
на воздухот кој се ослободува назад во просторијата.
Филтрите не можат да се мијат ниту повторно да се
користат и мораат да се заменат најмалку еднаш секои
четири месеци. Нивото на заситеност на филтерот со
активен јаглен зависи од честотата на користењето на
апаратот, видот на готвењето и редовноста на чистењето
на филтерите против маснотии.
• Аспираторот чистете го редовно, внатрешно и
надворешно, со крпа натопена во денатуриран алкохол
или неутрален неабразивен течен детергент.
• Осветлувањето на аспираторот е дизајнирано за
користење при готвење, а не за општо осветлување на
просторијата. Долготрајното користење на осветлувањето
го намалува векот на траење на светилката.
• Менување на халогенките (слика 6).
За да ги замените халогенките B, извадете го стаклото C
користејќи лост во соодветните отвори.
Заменете ги халогенките со нови од ист вид.
Внимателно: не допирајте ја „крушата" со голи
раце.
• Команди: (сл.9) симболите на механичките копчиња се
објаснети подолу:
A = ОСВЕТЛУВАЊЕ
B = ИСКЛУЧЕНО
C = БРЗИНА I
D = БРЗИНА II
E = БРЗИНА III
ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ОТФРЛА СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ
З А Е В Е Н Т УА Л Н И Ш Т Е Т И П Р Е Д И З В И К А Н И ОД
Н Е П О Ч И Т У В А Њ Е Т О Н А Г О Р Е Н А В Е Д Е Н И Т Е
ПРЕДУПРЕДУВАЊА.
- 28 -

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hdc6955bg

Table of Contents