LG 39LF56 Series Owner's Manual page 298

Hide thumbs Also See for 39LF56 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
1 Поврзете го HDMI IN приклучокот и излезниот HDMI приклучок
на SIMPLINK уредот со помош на HDMI кабел.
•  [Во зависност од моделот]
Кај системите за домашно кино со функција SIMPLINK, поврзете
ги HDMI приклучоците како што е наведено погоре и користете
оптички кабел за поврзување на оптичкиот дигитален аудио
излез од телевизорот со оптичкиот дигитален аудио влез од
SIMPLINK уредот.
2 Изберете INPUT(ОПЦИЈА)
Ќе се појави прозорецот со мени за SIMPLINK.
3 Во прозорецот за поставување на SIMPLINK, поставете ја
функцијата SIMPLINK на Вклучено.
4 Во прозорецот со мени за SIMPLINK, поставете го уредот кој
сакате да го контролирате.
•  Оваа функција е компатибилна само со уреди на кои стои
логото SIMPLINK. Погледнете дали уредот има SIMPLINK лого.
•  За да ја користите функцијата SIMPLINK, треба да користите
HDMI® кабел со голема брзина (со додадена функција CEC
(Контрола на електроника за широка потрошувачка)). Кај
HDMI® каблите со голема брзина пинот со бр. 13 е поврзан за
размена на информации помеѓу уредите.
•  Ако се префрлите на друг влез, SIMPLINK уредот ќе запре.
•  Доколку користите уред од трета страна со HDMI-CEC функција,
можно е SIMPLINK уредот да не работи правилно.
•  [Во зависност од моделот]
Ако изберете или репродуцирате медиум од уред со функција
за домашно кино, HT звучник(Звучник) автоматски ќе се
поврзе. Не заборавајте да извршите поврзување со оптички
кабел (се продава одделно) за да ја користите функцијата HT
звучник(Звучник).
Опис на функцијата SIMPLINK
•  Директна репродукција : Веднаш врши репродукција од
мултимедиумскиот уред на телевизорот.
•  Избор на мултимедиумски уред : Го избира саканиот уред
преку менито SIMPLINK за веднаш да започне да го контролира
преку екранот на телевизорот.
•  Репродукција на диск : Управува со мултимедиумскиот уред
со помош на далечинскиот управувач на телевизорот.
•  Исклучување на сите уреди : Кога ќе го исклучите
телевизорот сите поврзани уреди се исклучуваат.
•  Синхронизирано вклучување : Кога опремата со SIMPLINK
функција поврзана со HDMI приклучок ќе започне со
репродукција, телевизорот автоматски ќе се вклучи.
•  Звучник : [Во зависност од моделот]
Изберете го звучникот или од системот за домашно кино или
од телевизорот.
18
SIMPLINK.
За поставување лозинка
SETTINGS
ЗАКЛУЧИ
Поставување лозинка
Се поставува или изменува лозинката од телевизорот.
Почетната лозинка е поставена на '0000' .
•  Кога Франција е избрана за држава, лозинката не е '0000' , туку
'1234' .
•  Кога Франција е избрана за држава, лозинката не може да се
постави на '0000' .
Специфицирање на Фабрички ресет
SETTINGS
ОПЦИЈА
Фабрички ресет
Сите складирани информации ќе се избришат и ТВ поставките ќе
се ресетираат.
Телевизорот сам ќе се исклучи и повтроно ќе се вклучи, и сите
поставки ќе се ресетираат.
•  Кога е активен Систем за заклучување, ќе се прикаже
појавувачки прозорец и од вас ќе се побара лозинка.
•  Немојте да го исклучувате напојувањето за време на
иницијализацијата.
Отстранување на USB уред
Q.MENU
USB уред
Изберете USB уред за складирање кој сакате да го отстраните.
Кога ќе видите порака дека USB уредот е отстранет, извадете го
уредот од телевизорот.
•  Откако USB уред ќе биде избран за отстранување, неговите
содржини веќе не можат да се исчитуваат. Извадете го USB
уредот за складирање и повторно вметнете го.
Користење на USB уред за складирање -
предупредување
•  Ако USB уредот за складирање има вградена програма за
автоматско препознавање или користи сопствен драјвер, тој
може да не функционира.
•  Некои USB уреди за складирање може да не функционираат
или да не функционираат правилно.
•  Користете само USB уреди за складирање форматирани со
Windows FAT32 или NTFS систем на фајлови.
•  За надворешни USB HDD дискови, се препорачува да користите
уреди со номинален напон помал од 5 V и номинална струја
помала од 500 mA.
•  Се препорачува капацитет на USB мемориски уреди од 32 GB
или помалку, а за USB HDD дискови - капацитет од 2 TB или
помалку.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents