Samsung UE50AU7092UXXH User Manual page 93

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
01 Што има во пакетот?
Проверете дали следните елементи се испорачани со вашиот
телевизор. Доколку некои елементи недостасуваат, обратете
се до вашиот продавач.
• Далечински управувач & батерии (Во зависност од
моделот)
• Далечинска контрола на Samsung Smart & батерии (Во
зависност од моделот)
• Прирачник за користење
• Адаптер за CI картичка
• Картичка за гаранција / водич со регулативи (не е
достапен во некои локации)
• Кабел за напојување на телевизорот
• Видот на батеријата може да се разликува во зависност
од моделот.
• Бојата и обликот на предметите може да се разликуваат во
зависност од моделите.
• Каблите кои не се испорачуваат можат да се купат
одделно.
• Проверете дали има скриена галантерија зад или во
пакувањето кога ќе ја отворите кутијата.
Предупредување: Екраните може
да се оштетат од директен притисок,
при неправилно ракување со нив. Ви
препорачуваме да го подигнете телевизорот
за рабовите, како што е прикажано. За повеќе
информации за ракувањето со овој производ,
погледнете во Quick Setup Guide што се
испорачува со него.
Не го
допирајте овој
екран!
02 Почетно поставување
Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, тој
веднаш ќе го активира почетното поставување. Следете
ги инструкциите што се прикажуваат на екранот и
конфигурирајте ги основните поставки на телевизорот според
опкружувањето во кое го користите.
Користење на ТВ-контролор
Вклучете го телевизорот со помош на копчето ТВ-контролор
на долната страна на телевизорот, а потоа користете ја
функцијата Мени за контрола. Функцијата Мени за контрола
се појавува кога ќе го притиснете копчето ТВ-контролор кога
телевизорот е вклучен.
• Екранот може да се затемни доколку не ја отстраните
заштитната фолија на логото SAMSUNG или на долната
страна на телевизорот. Ве молиме отстранете ја
заштитната фолија.
Мени за контрола
Копче
ТВ-контролор / Сензор за далечинскиот управувач
Македонски - 5

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Au7092

Table of Contents