Што Има Во Пакетот; Почетно Поставување; Решавање На Проблеми И Одржување - Samsung 5 Seris User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
01 Што има во пакетот?
Проверете дали следните елементи се испорачани со вашиот
телевизор. Доколку некои елементи недостасуваат, обратете
се до вашиот продавач.
• Далечински управувач и батерии (AAA x 2)
• Прирачник за користење
• Картичка за гаранција / водич со регулативи (не е
достапен во некои локации)
• Кабел за напојување на телевизорот
• Бојата и обликот на предметите може да се разликуваат во
зависност од моделите.
• Каблите кои не се испорачуваат можат да се купат одделно.
• Проверете дали има скриена галантерија зад или во
пакувањето кога ќе ја отворите кутијата.
Предупредување: Екраните може
да се оштетат од директен притисок,
при неправилно ракување со нив. Ви
препорачуваме да го подигнете телевизорот
за рабовите, како што е прикажано.
Не го
допирајте овој
екран!
02 Почетно поставување
Кога за прв пат ќе го вклучите вашиот телевизор, тој
веднаш ќе го активира почетното поставување. Следете
ги инструкциите што се прикажуваат на екранот и
конфигурирајте ги основните поставки на телевизорот според
опкружувањето во кое го користите.
Користење на ТВ-контролор
Вклучете го телевизорот со помош на копчето ТВ-контролор
на долната страна на телевизорот, а потоа користете ја
функцијата Мени за контрола. Функцијата Мени за контрола
се појавува кога ќе го притиснете копчето ТВ-контролор кога
телевизорот е вклучен.
• Екранот може да се затемни доколку не ја отстраните
заштитната фолија на логото SAMSUNG или на долната
страна на телевизорот. Ве молиме отстранете ја
заштитната фолија.
Мени за контрола
Копче
ТВ-контролор / Сензор за далечинскиот управувач
03 Решавање на проблеми и
одржување
Решавање на проблеми
За повеќе информации, погледнете „Решавање проблеми"
или „ЧПП" во e-Manual.
>
Поставување > e-Manual > Решавање на проблеми
или Често поставувани прашања
Ако советите за решавање на проблеми не помагаат,
посетете ја „www.samsung.com" и кликнете на Поддршка или
контактирајте со сервисниот центар на Samsung.
• Овој TFT LED екран се состои од подпиксели за чие
создавање е потребна софистицирана технологија. На
екранот, сепак, може да се појават неколку светли или
темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво
влијание врз перформансите на уредот.
• За да го доведете вашиот телевизор во оптимална
состојба, надградете го со најновиот софтвер. Искористете
ја функцијата Ажурирај сега или Автоматско ажурирање
во менито на телевизорот (
Поддршка > Ажурирање на софтверот > Ажурирај сега или
Автоматско ажурирање).
Телевизорот не може да се вклучи.
• Проверете дали AC-кабелот за напојување е добро
приклучен во телевизорот и во ѕидниот приклучок.
• Проверете дали ѕидниот приклучок за напојување
функционира и дали сензорот за далечинскиот управувач
на долната страна на телевизорот е вклучен и свети
непрекинато во црвена боја.
• Обидете се да го притиснете копчето ТВ-контролор на
долната страна на телевизорот за да проверите дали има
проблем со далечинскиот управувач. Доколку телевизорот
се вклучи, погледнете го делот "Далечинскиот управувач
не функционира".
Далечинскиот управувач не функционира.
• Проверете дали индикаторот за напојување на долната
страна на телевизорот трепка кога ќе го притиснете
копчето за вклучување на далечинскиот управувач. Ако не
трепка, заменете ги батериите на далечинскиот управувач.
• Проверете дали поларитетот (+/–) на батеријата е поставен
во точната насока.
• Се препорачуваат алкални батерии за подолг работен век.
• Обидете се да го насочите далечинскиот управувач
директно кон телевизорот на оддалеченост од 1,5-1,8 m.
>
Поставување >
Македонски - 5

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ue32t5372cdUe32t5372cUe32t5302ckUe32t4302ae

Table of Contents