Сервисна Служба; Отпад; За Корисникот; Работа - Bosch TR4000R 6 ET Installation And Operating Instructions Manual

Dhw cylinder
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 12
5
За корисникот
Ве молиме прочитајте ги и внимавајте на безбедносните
инструкции !
Важно: Апаратот никогаш не смее да се изложува на мраз!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од електричен удар!
Веднаш исклучете го електричното напојување ако се
појави дефект (TR4000 5 ET, TR4000 6 ET, TR4000 6 EB,
TR4000 8 ET, TR4000 8 EB) или извадете го приклучокот од
електричното напојување (TR4000 4 ET, TR4000R 4 ET).
Веднаш затворете го доводот на ладна вода до апаратот
во случај ако истекува од него.
6
Работа
Електричните проточни бојлери од оваа серија работат
автоматски.
6.1
Приклучување
Отворете ја славината целосно. Електричниот проточен
бојлер се вклучува. Водата се загрева како што тече низ
апаратот. Апарати над лавабо TR4000 6 EB и TR4000 8
EB имаат автоматски индикатор за
работата.Индикаторот за работа светнува жолто на
половина моќност и црвено на целосна моќност,
зависно од притисокот на водата.
6.2
Исклучување
Затворете ја славината, и апаратот ќе се исклучи.
6.3
Регулација на температурата на водата
Отворете ја славината целосно, и апаратот ќе се вклучи.
Потоа зголемете ја температурата на водата со
намалување на притисокот на вода.
Информација: Во зима, температурата на доводната вода
може да е пониска, па затоа да не се постигнува
посакуваната температура на водата што се испушта.
Продолжете како што е опишано во "Конекција на вода.
7
Чистење
Не употребувајте груби или абразивни детергенти!
Не употребувајте чистачи на пареа.
TR4000 | TR4000R – 6720876021 (2023/09)
Чистете го апаратот надворешно со слаб детергент.
Исчистете ја нечистотијата и бигорните наслаги во
филтерот од туш-главата.
8
Одржување
Поправки и одржување може да се спроведуваат само од
страна на лице од овластена сервисна служба со цел да се
избегнат потенцијални опасности.
Електричниот приклучок и доводот на вода мора да се
исклучат пред било какви поправки на апаратот.
9
Сервисна служба
Потребно е секогаш да ни го дадете бројот на моделот E-No.
и FD-No серискиот број од апаратот кога повикувате
инженер од сервисната служба. Овие броеви ќе ги најдете
на внатрешната страна од превитканата работна табла на
проточниот бојлер.
10
Заштита на животната средина и
исфрлање во отпад
Заштитата на животната средина е корпоративен принцип
на групацијата Bosch.
Квалитетот на производите, економичноста и заштитата на
животната средина се од еднаква важност за нас. Строго се
придржуваме до законите и прописите за заштитата на
животната средина.
За да ја заштитиме животната средина, ги користиме
најдобрата можна технологија и материјали, земајќи ги
предвид економските аспекти.
Пакување
Кога се работи за пакувањето и амбалажата, вклучени сме
во националните системи за рециклирање со цел да се
загарантира оптимално рециклирање.
Сите употребени материјали за пакувањето се поволни во
однос на животната средина и може да се рециклираат.
Стар уред
Старите уреди содржат вредни материјали коишто може да
се пренаменат.
Лесно се расклопуваат компонентите. Пластиката е
означена. Така можете да ги сортирате и рециклирате или
исфрлите различните компоненти.
За корисникот
65

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents