Мерки За Безбедност: Прицврстување На Телевизорот За Ѕид За Да Спречите Паѓање На Телевизорот - Samsung Crystal UHD TU7072 User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Мерки за безбедност: Прицврстување на телевизорот за ѕид за да
спречите паѓање на телевизорот
Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да
предизвика паѓање на телевизорот. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за
телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова движење може да доведе до превртување
на телевизорот, предизвикувајќи сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите
безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува со вашиот
телевизор. За дополнителна стабилност и безбедност, може да го купите и инсталирате
системот против паѓање како што е опишано подолу.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не го поставувајте телевизорот на нестабилно место. Телевизорот
може да падне и да предизвика сериозни повреди или смрт. Многу повреди, особено кај децата,
можат да се избегнат со преземање неколку едноставни мерки на претпазливост, како на пример:
• Секогаш користете комоди или масички или начини за поставување кои ги препорачува
производителот на телевизорот.
• Секогаш користете мебел што може безбедно да го држи телевизорот.
• Секогаш проверувајте дали телевизорот виси на работ од мебелот на кој е поставен.
• Секогаш поучувајте ги децата за опасностите од качување врз мебелот за да го дофатат
телевизорот или неговите копчиња.
• Секогаш поставувајте ги каблите поврзани во вашиот телевизор на начин на кој нема да
можете да се сопнете од нив, да ги повлечете или истргнете.
• Никогаш не го поставувајте телевизорот на нестабилно место.
• Никогаш не поставувајте го телевизорот на висок мебел (на пример, ормани или полици) без
да ги прицврстите и мебелот и телевизорот на соодветна подлога.
• Никогаш не поставувајте го телевизорот на ткаенини или други материјали што можат да се
стават помеѓу телевизорот и мебелот на кој е поставен.
• Никогаш не поставувајте предмети, како што се играчки и далечински управувачи, кои може да
ги предизвикаат децата да се качат врз телевизорот или мебелот на кој е поставен телевизорот.
При користење и преместување на телевизорот важат истите мерки на претпазливост наведени
погоре.
Мерки со кои ќе спречите паѓање на телевизорот
1. Носачите треба добро да се прицврстат за ѕидот со помош
на соодветни завртки. Проверете дали завртките се цврсто
прикачени на ѕидот.
– Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како
ѕидни типли, во зависност од типот на ѕидот.
2. Носачите треба добро да се прицврстат за телевизорот со помош
на завртки со соодветна големина.
– За спецификации за завртките, погледнете го делот за стандардни
завртки во табелата во "Монтирање на телевизорот на ѕид".
3. Поврзете ги носачите прицврстени за телевизорот и носачите
прицврстени на ѕидот со издржлива и цврста жица, а потоа силно
прицврстете ја жицата.
– Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да
падне наназад.
– Поврзете ја жицата така што носачите прицврстени за ѕидот
да се наоѓаат на иста висина или пониско од носачите
прицврстени за телевизорот.
• Бојата и обликот на производот
може да се разликуваат во
зависност од моделот.
Македонски - 9

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents