Заменување На Сијалицата За Внатрешно Осветлување/27; Чистење И Одржување/27; Депозиционирање На Вртата/27 - Beko DS233010 Instructions For Use Manual

Hide thumbs Also See for DS233010:
Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

  • ENGLISH, page 1
МК
Заменување на сијалицата за
внатрешно осветлување
Ако светлото не работи, исклучете го
уредот од штекер.
Уверете се дека сијалицата е добро
затегната и вклучете го повторно апаратот.
Ако светлото повторно не работи,
заменете ја сијалицата со нова со навој од
тип E14 и јачина од 15 Watt (Max) која може
да ја најдете во сите продавници за
електрични производи. (Дел 10).
Веднаш внимателно отстранете ја
прегорената сијалица.
Чистење и одржување
1. Пред да почнете со чистење на
апаратот, најпрво исклучете го од штекер
струјниот кабел.
2. Никогаш не употребувајте остри
предмети или абразивни субстанции,
сапун, сртества за чистење во
домаќинството, детергенти или сретства за
полирање.
3. Употребете млака вода за чистење и
потоа избришете го апаратот со нежна
крпа.
4. Употребете влажна крпа потопена во
раствор од сода бикарбона (едно кафено
лажиче на ½ литар вода) за чистење на
внатрешноста и добро избришете ја.
5. Внимавајте да не навлезе вода во
кутијата за контрола на температурата.
6. Доколку не го користите уредот подолг
период, исклучете го од штекер,извадете ја
храната, исчистете го и оставете ја вратата
подотворена.
7. Се препорачува металните делови на
уредот да ги полирате со силиконски восок
со што би го заштитиле последниот слој на
висококвалитетна боја.
8. Прашината насобрана на
кондензаторот кој што се наоѓа на задниот
дел на уредот, треба да се чисти еднаш
годишно со правосмукалка.
9. Редовно проверувајте ги бравите на
вратите како би се увариле дека се чисти и
на нив нема остатоци од храна.
10. Никогаш:
• Немојте да го чистите апаратот со
несоодветни сретства; пр.оние што се на
база на бензин.
• Никогаш не го изложувајте апаратот на
висока температура.
• Немојте да го гребете, стругате или сл. со
абразивни сретства.
11. Вадење на капаците на преградите за
млечни производи и преградите на
вратата:
• За да го извадите капакот на преградата
за млечни производи, прво подигнете го
капакот околу 2,5 см и оттргнете го од
вратата за да го видете отворот на капакот.
• За вадење на преградите на вратата,
извадете ги сите предмети и потоа
едноставно извадете ја преградата со
поместување нагоре.
12. Внимавајте пластичниот сад за
собирање на одмрзнатата вода секогаш да
биде чист. Ако сакате да го извадите садот
за чистење, следете ги инструкциите
подоле:
• Исклучете го апаратот од струја.
• Внимателно откачете ги жичаните држачи
на компресорот со клешти за жица, за да
може да го извадите садот.
• Подигнете го садот.
• Исчистете го и избришете го.
• Вратете го садот на место по обратен
редослед.
13. За вадење на фиоките, повлечете ги
што е можно повеќе и извадете го
комплетно.
Депозиционирање на вртата
Следете ја постапката по нумерички ред
(Дел 11).
27
Упатство за работа

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents