Специфична стапка на
абсорпција (SAR)
Вашиот мобилен уред е радио предавател
и приемник. Тој е дизајниран да не ги
надмине границите за изложување на
радио бранови препорачани во
интернационалните упатства. Овие
упатства се развиени од независната
научна организација ICNIRP и вклучуваат
безбедносни маргини дизајнирани за да
осигураат заштита за сите луѓе, независно
од годините и здравствената состојба.
Овие упатства користат единица мерка
позната како Специфична Стапка на
Абсопрција, или SAR. SAR границата за
мобилни уреди е 2 W/kg а највисоката
SAR вредност за овој уред при тестирање
блиску до увото е 0.572 W/kg. Бидејќи
мобилните уреди нудат цел асортиман на
функционалности, тие можат да се
користат и во други позиции, како на пр.
на телото.
Додека мерењата за SAR се наменети за
максималната предавателна моќ на уредот,
вистинската SAR вредност на овој уред
при нормално функционирање е
обично под наведената вредност. Ова
се должи на автоматската промена на
моќноста на уредот за да се осигура
користење на минимална моќност потребна
за комуникација со мрежата.
138