Samsung UE32F6100 User Manual page 137

Hide thumbs Also See for UE32F6100:
Table of Contents

Advertisement

Монтирање на ѕидниот носач
Комплетите со ѕиден носач (се продаваат одделно) ви
овозможуваат да го монтирате телевизорот на ѕид. За
детални информации околу инсталирањето на ѕидниот носач,
погледнете ги инструкциите кои се испорачуваат со ѕидниот
носач. За помош при инсталирањето на ѕидниот носач,
обратете се до техничко лице. Не Ви препорачуваме да го
направите сами.
Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за
оштетувањата на производот или повредите кај вас или
другите лица, доколку се одлучите сами да го монтирате
телевизорот.
Пред да започнете да го поставувате ѕидниот
носач, отстранете ги завртките од неговите
отвори. (само модели од 60 - 65 инчи)
Спецификации на комплетот со ѕиден носач (VESA)
Комплетот со ѕиден носач не се испорачува, но се
продава одделно.
Инсталирајте го вашиот ѕиден носач на цврст ѕид кој
е поставен нормално на подот. Кога го прицврстувате
за подлоги од друг вид градежен материјал, ве молиме
обратете се до најблискиот дистрибутер. Доколку се
инсталира на таван или ѕид кој е косо поставен, може
да предизвика сериозни повреди.
ЗАБЕЛЕШКА
Стандардните димензии за ѕидните носачи се
прикажани во табелата подолу.
При купувањето на нашиот ѕиден носач, обезбедено
е детално упатство за инсталирање и сите останати
делови потребни при монтажата.
Не употребувајте завртки кои не ги исполнуваат VESA
стандардите за спецификација на завртки.
Не употребувајте шрафови подолги од стандардните,
бидејќи можат да ја оштетат внатрешноста на
телевизорот.
За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA
стандардите за спецификација на шрафовите,
должината на шрафовите може да се разликува во
зависност од конкретната спецификација.
Не ги прицврстувајте завртките премногу, бидејќи
производот може да се оштети или, пак, да падне и
да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси
одговорност за овој вид на несреќи.
Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата
на производот или личните повреди кога се
употребуваат ѕидни носачи кои не ги исполнуваат
VESA стандардите или спецификациите за монтирање
или во случаи кога корисникот не го следи упатството
за инсталирање.
Не надминувајте накривување поголемо од 15 степени
при монтирање на телевизорот.
инчи
VESA Спец. (A * B)
19~22
75 X 75
26~28
100 X 100
32~42
200 X 200
46~60
400 X 400
Не вршете инсталирање
на ѕидниот носач додека
телевизорот е вклучен. Може
да дојде до повреди како
последица на електричен
удар.
[UF6100-XH]BN68-04906C-08L09.indb 17
За да избегнете паѓање на телевизорот
1.
2.
3.
Стандардни
Количина
завртки
M4
4
M8
4.
Македонски- 17
Безбедносно прицврстување на
телевизорот за ѕид
Внимание: Влечење, туркање или качување
врз телевизорот може да предизвика негово
паѓање. Особено внимавајте вашите деца
да не се држат за телевизорот и да не го
дестабилизираат; тоа може да доведе до
превртување на телевизорот, резултирајќи
со сериозни повреди или смрт. Придржувајте
се до сите безбедносни мерки кои се
наведени во вклучениот безбедносен леток.
За дополнителна стабилност, поставете го
безбедносниот систем против паѓање, според
следното упатство.
Ѕид
Бојата и обликот на производот може да се разликуваат во
зависност од моделот.
Поставете ги завртките во прицврстувачите и цврсто
стегнете ги за ѕидот. Проверете дали завртките се цврсто
стегнати на ѕидот.
Може да ви бидат потребни дополнителни
материјали како типли, во зависност од типот на
ѕидот.
Бидејќи потребните прицврстувачи, завртки и
жици не се испорачуваат, ве молиме самите да ги
набавите дополнително.
Извадете ги завртките од централниот дел на задната
страна од телевизорот, ставете ги завртките во
прицврстувачите и повторно стегнете ги завртките на
телевизорот.
Поврзете ги прицврстувачите поставени на телевизорот и
прицврстувачите поставени на ѕидот со јака жица и потоа
силно затегнете ја жицата.
ЗАБЕЛЕШКА
• Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не
може да падне наназад.
• Безбедно е да ја поврзете жицата така што
прицврстувачите поставени на ѕидот се наоѓаат
на иста висина или пониско од прицврстувачите
поставени на телевизорот.
• Извадете ја жицата пред да го преместите
телевизорот.
Проверете дали сите поврзувања се безбедни.
Периодично проверувајте ги поврзувањата заради можно
разлабавување и неисправност. Доколку се сомневате
во безбедноста на вашето поврзување, обратете се до
професионален монтер.
2013-11-20
1:10:33

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ue40f6100Ue46f6100Ue50f6100Ue55f6100Ue60f6100

Table of Contents