Bosch GKS 85 Original Instructions Manual page 179

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
Монтажа
Употребувајте само сечила за пила, чија
u
максимално дозволена брзина е повисока од
бројот на празни вртежи на вашиот електричен
алат.
Ставање/менување на сечилото за кружната
пила
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Во никој случај не користете дискови за брусење
u
како алат за вметнување.
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN 847-1 и се соодветно означени.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Демонтирање на сечилото за пила (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (5) и
држете го притиснато.
Копчето за блокирање на вретеното (5) активирајте
u
го само доколку вретеното на пилата е во состојба
на мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (19) одвртете
ја затезната завртка (20) во правец на вртење ➊.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(12) и држете го цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница (21) и сечилото за
пилата (22) од вретеното на пилата (24).
Монтирање на сечилото за пила (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го сечилото за пила (22) и сите стезни
делови што се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(12) и држете го цврсто.
– Поставете го сечилото за пила (22) на приклучната
прирабница (23). Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитниот капак (1).
Bosch Power Tools
– Поставете ја стезната прирабница (21) и затегнете ја
затезната завртка (20) во правец на вртење ➋.
Внимавајте на правилна положба на монтирање на
приклучната прирабница (23) и стезната прирабница
(21).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (5) и
држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (19) затегнете
ја затезната завртка (20) во правец на вртење ➋.
Моментот на затегање треба да изнесува 10–12 Nm,
што одговара на рачно затегање плус ¼ вртење.
Подесување на клинот за расцепување
(види слика B)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Секогаш користете клин за расцепување, освен при
u
резови со вдлабнување. Клинот за расцепување го
спречува заглавувањето на сечилото за пила при
сечење.
Поставувањето се врши при минимална длабочина на
резот(види „Подесување на длабочината на сечење (види
слика D)", Страница 180).
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната
страна на заштитниот капак (1).
Олабавете го затезниот лост (28), извлечете ја пилата од
основната плоча (14) и повторно затегнете го затезниот
лост (28).
Олабавете ја завртката (25), поставете го клинот за
расцепување (13) на димензиите наведени на сликата и
зацврстете ја завртката (25) со затезен момент од 8–9
Nm.
Монтажа/демонтажа на клинот за расцепување
За демонтажа на клинот за расцепување (13) олабавете
ја завртката (25) и извадете го клинот за расцепување
(13).
За монтажа, вметнете го клинот за расцепување (13) и
фиксирајте го со завртката (25). На крај проверете како е
поставен клинот за расцепување, како што е претходно
опишано.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Македонски | 179
1 609 92A 4PY | (02.02.2021)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gks 85 g

Table of Contents