Huawei ASCEND Y550 Quick Start Manual page 149

Hide thumbs Also See for ASCEND Y550:
Table of Contents

Advertisement

Информации за сертификатот (SAR)
Овој уред ги исполнува упатствата за изложување на
радиобранови.
Уредот е радио-примопредавател со мала моќност. Како
што е препорачано со меѓународните упатства, уредот е
конструиран така што не ги надминува ограничувањата за
изложеност на радиобранови. Овие упатства се изготвени
од Меѓународната комисија за заштита од нејонизирачки
зрачења (ICNIRP), независна научна организација, и
вклучуваат безбедносни мерки составени за да осигураат
безбедност за сите корисници, без оглед на возраста и
здравјето.
Специфичната стапка на апсорпција (SAR) е единица
мерка за количеството радиофреквентна енергија што ја
апсорбира телото кога користи некој уред. Вредноста на
SAR се одредува на највисокото одобрено ниво на моќност
во лабораториски услови, но вистинското ниво на SAR на
уредот додека работи може да е многу пониско од таа
вредност. Причината за ова е тоа што уредот е
конструиран да ја користи најмалата моќност потребна за
комуникација со мрежата.
Ограничувањето на SAR усвоен во Европа е 2.0 W/kg во
просек на 10 грама ткиво, а највисоката вредност на SAR
на овој уред е во согласност со тоа ограничување.
Највисоката вредност на SAR за овој уред при тестирање
за употреба на уво е 0,477 W/kg, а кога се носи правилно
на телото е 0,917 W/kg.
Изјава
Ние, Huawei Technologies Co., Ltd., изјавуваме дека овој
уред е усогласен со неопходните барања и другите
соодветни одредби од Директивата 1999/5/EЗ и
Директивата 2011/65/ЕУ.
За декларација за усогласеност, посетете ја веб-станицата
http://consumer.huawei.com/certification
.
Следните ознаки се вклучени во производот:
Овој уред може да се користи во сите земји-членки на ЕУ.
Почитувајте ги националните и локалните прописи на
земјите во кои се користи уредот.
Користењето на уредот може да биде ограничено во
зависност од локалната мрежа.
147

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Y550

Table of Contents