Bosch D-tect 150 SV Professional Original Instructions Manual page 176

Detector
Hide thumbs Also See for D-tect 150 SV Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
OBJ_BUCH-1478-002.book Page 176 Friday, March 4, 2016 12:24 PM
176 | Македонски
Со притискање на копчето за старт 11 можете во секое
време да ги избришете пронајдените објекти и да
стартувате ново мерење.
 Пред да дупчите во ѕид, сечете или глодате, треба да
се заштитите од опасности и со помош на други
извори на информации. Бидејќи на мерните резултати
може да влијаат околните влијанија или составот на
ѕидот, можна е опасност, иако приказот не покажува
објект во полето на сензорот (не се слуша звучен
сигнал и LED-от 17 свети зелено).
Промена на режим на работа
Со копчињата за избор 10 и 12 можете да менувате на
различни режими на работа (модули).
– Притиснете го кратко копчето за избор 10, за да го
изберете следниот режим на работа.
– Притиснете го кратко копчето за избор 12, за да го
изберете претходниот режим на работа.
Со изборот на режимите на работа можете да го
прилагодите мерниот уред за разни материјали на ѕидови.
Односната поставка може да се види во секое време во
подрачјето на приказот h на дисплејот.
Бетон Универзален (претходно поставен)
Режимот на работа „Concrete Universal" (Бетон
Универзален) е наменет за повеќето употреби за ѕидни
конструкции или бетон. Се прикажуваат пластични или
метални објекти, како и електрични кабли. Можно е да не
се прикажат шуплини во цигли или празни пластични
цевки со дијаметар помал од 2 см. Максималната
длабочина на мерење изнесува 8 cm.
Бетон Влажен
Режимот на работа „Concrete Wet" (Бетон Влажен) е
специјално наменет за користење во влажен бетон. Се
прикажуваат арматури, пластични или метални цевки,
како и електрични спроводници. Не може да се разликува
помеѓу спроводници што се под напон и спроводници без
напон. Максималната длабочина на мерење изнесува
6 cm.
Ве молиме да внимавате на тоа, дека на бетонот му се
потребни повеќе месеци за целосно да се исуши.
Специјален бетон
Режимот на работа „Concrete Special" (Бетон Специјал) е
специјално наменет за пребарување на објекти во
длабочини во армиран бетон. Се прикажуваат арматури,
пластични или метални цевки, како и електрични
спроводници. Максималната длабочина на мерење
изнесува 15 cm.
Ако се прикажуваат повеќе објекти, може да значи дека
одите директно долж арматурата. Преместете го овој
случај мерниот уред за неколку сантиметри и пробајте
одново.
1 609 92A 26Y | (4.3.16)
Загревање на површината
Режимот на работа „Panel Heating" (Површинско греење)
е наменет специјално за препознавање на метални,
повеќеслојни и пластични цевки полнети со вода, како и
електрични спроводници. Празни пластични цевки не се
прикажуваат. Максималната длабочина на мерење
изнесува 8 cm.
Сувоградба
Режимот на работа „Drywall" (Сувоградба) е наменет за
пронаоѓање на дрвени греди, метални шипки и
електрични спроводници за сува градба (дрво, гипс итн.).
Полнети пластични цевки и дрвени греди се прикажуваат
идентично. Празни пластични цевки не се прикажуваат.
Максималната длабочина на мерење изнесува 8 cm.
Метал
Режимот на работа „Metal" (Метал) е наменет за
лоцирање на метални објекти и спроводници под напон,
доколку другите режими на работа во различни услови на
ѕидови не даваат задоволувачки резултати. Во овие
случаи резултатите за препознавање во овој режим на
работа се повисоки, но помалку прецизни.
Сигнален
Режимот на работа „Signal View" (Сигнален) е наменет за
користење за сите матријали. Јачината на сигналот се
прикажува на соодветната мерна позиција. Во овој режим
на работа блискупоставените објекти можат прецизно да
се лоцираат и врз основа на сигналот можат подобро да се
проценат сложените структури на материјалот.
N
?
4.0 cm
S
cm
0cm
10cm
Prev.
Signal View
Врвот на кривата се прикажува во мал размер над
приказот на режимот на работа h во U-форма. Се
прикажуваат длабочината на објектот и доколку е можно и
својствата на материјалот. Максималната длабочина на
мерење изнесува 15 cm.
 Длабочината на објектот не може да се заклучи
според јачината на сигналот.
Промена на видовите на приказ
Напомена: Можна е промена на видовите на приказ во
сите режими на работа.
20cm
30
Next
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents