Makita DTR180 Instruction Manual page 70

Cordless rebar tying tool
Hide thumbs Also See for DTR180:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење на делот на секачот
Кога се користи алатот, честички од прашина и жица
може да се залепат во делот на секачот. Во таков
случај, исчистете го делот на секачот според следнава
постапка. Чистењето треба да се изврши секој пат кога
ја потрошите кутијата намотана макара. (50 парчиња)
Користење на жичената четка
Отворете го капакот на макарата.
1.
► Сл.34: 1. Капак на макарата
Притиснете го лостот за отпуштање и
2.
блокирајте го со лостот за блокирање.
► Сл.35: 1. Лост за отпуштање 2. Лост за
блокирање
Протнете ја жичената четка низ насочувачот.
3.
При протнување на четката, држете ја за горниот
дел и туркајте ја во насочувачот малку по малку.
► Сл.36: 1. Жичена четка
► Сл.37: 1. Запченик 2. Насочувач 3. Жичена четка
Туркајте ја жичената четка додека не излезе
4.
приближно 10 мм од врвот на раката. А потоа
извлечете ја жичената четка. Доволно е да се
изврши ова дејство еднаш.
► Сл.38: 1. Рака 2. Жичена четка
Затворете го капакот на макарата.
5.
► Сл.39: 1. Капак на макарата
Користење на пиштолот за
чистење со воздух
Отворете го капакот на макарата, притиснете го
лостот за отпуштање и блокирајте го со лостот
за блокирање. Потоа доближете го пиштолот за
чистење со воздух до насочувачот и дувајте воздух.
Осигурете се дека воздухот доаѓа од врвот на
раката.
► Сл.40: 1. Пиштол за чистење со воздух
2. Насочувач
Чистење со расклопување
Ако делот на секачот е затнат или ако се заглавила
жица во него, расклопете ги деловите и исчистете ги.
Расклопување и чистење
Олабавете ги завртките А и Б користејќи го
1.
имбус-клучот што е вклучен во пакетот со алати.
► Сл.41: 1. Имбус-клуч
► Сл.42: 1. Завртка А 2. Завртка Б 3. Капак за
контактна плоча 4. Насочувач за жица Б
ЗАБЕЛЕШКА:
завртките што не може да се отстранат со
користење на имбус-клучот.
Извлечете го капакот на контактната плоча во правец на
2.
стрелката и отстранете го. Завртката Б ќе се извади истовремено.
► Сл.43: 1. Капак за контактна плоча 2. Завртка Б
Извадете ја завртката А и извадете го
3.
насочувачот за жица Б.
► Сл.44: 1. Завртка А 2. Насочувач за жица Б
Свртете го насочувачот за жица Б и исчистете го однатре.
4.
► Сл.45
Отстранете ги секачот А, секачот Б, горната плоча и
5.
раката за поврзување од плочата за рака А. Потоа исчистете ги.
► Сл.46: 1. Секач Б 2. Рака за поврзување А 3. Секач
А 4. Плоча за рака А 5. Горна плоча
Склопување
Кога ќе завршите со чистење, склопете ги деловите
според следнава постапка.
Монтирајте ги секачот А и раката за поврзување
1.
А да одговараат на обликот на плочата за рака А.
► Сл.47: 1. Секач А 2. Рака за поврзување А
3. Плоча за рака А
Монтирајте ги секачот Б и горната плоча на
2.
плочата за рака A.
(Монтирајте го секачот Б на секачот А и поврзете ја раката A.)
► Сл.48: 1. Секач Б 2. Горна плоча 3. Плоча за рака
А 4. Секач А 5. Рака за поврзување А
ЗАБЕЛЕШКА:
дел од секачот Б и монтирајте го секачот како
што е прикажано на сликата.
Нагодете ја цевката на алатот со жлебот во
3.
внатрешноста на насочувачот за жица Б и склопете ги.
► Сл.49: 1. Цевка 2. Жлеб 3. Насочувач за жица Б
Фиксирајте го ннасочувачот за жица Б со
4.
привремено затегнување на завртката А.
► Сл.50: 1. Завртка А 2. Насочувач за жица Б
Монтирајте го капакот за контактната плоча во
5.
правец на стрелката.
► Сл.51: 1. Капак за контактна плоча
Цврсто фиксирајте ги насочувачот за жица Б и капакот
6.
за контактна плоча затегнувајќи ги завртката А и завртката Б.
► Сл.52: 1. Насочувач за жица Б 2. Капак за
контактна плоча 3. Завртка А 4. Завртка Б
По склопувањето, потврдете дека контактната плоча
7.
може да се помести како што е прикажано на сликата.
► Сл.53: 1. Контактна плоча
НАПОМЕНА: Доколку контактната плоча се зафати,
притиснете ја како што е покажано на сликата.
70 МАКЕДОНСКИ
Не отстранувајте ги насила
Свртете го надолу издадениот

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents