Philips 6914930PH User Manual page 73

Led wall lamp
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
MK
LivingColors Упатство за користење
Ви благодариме што се одлучивте да купите Philips LivingColors
светилка за таван!
LivingColors светилките се специјално дизајнирани за да ви
овозможат создавање на сопствен амбиент во вашиот дом, со
помош на светлина во боја.
Пред првото користење на LivingColors светилките ве молиме
внимателно прочитајте го ова упатство и зачувајте го за користење
во иднина. Доколку се придржувате кон нашите упатства ќе можете
да уживате во полната функционалност на Philips LivingColors
светилките.
Важно:
-Внимателно извадете ги деловите од пакувањето.
-Проверете дали се ставени сите елементи.
-Производителот ви советува правилна употреба на светилките!
Затоа секогаш придржувајте се до овие напатствија за да се
постигне правилно и безбедно инсталирање и функционирање на
светилката, и задржете ги напатствијата за користење во иднина.
-Светилката е погодна единствено за директно поврзување на
електричното напојување.
-Светилката е погодна единствено за монтирање на таван.
-Доколку не сте сигурни, обратете се до квалификуван електричар
или на продажното место. Внимавајте секогаш да ги инсталирате
светилките во согласност со релевантните регулативи.
Регулативите на одредени земји пропишуваат дека светилките
треба да се инсталираат од страна на квалификуван електричар
(на пр. дел P за Обединетото Кралство)
-Секогаш цврсто затегнете ги завртките на спојните приклучоци.
-Светилката е погодна за монтирање на нормални запаливи
површини.
-Ве молиме монтирајте ја светилката надвор од дофат на децата.
-Доколку светилката се монтира на метална површина, таа
површина мора да биде споена на заштитниот заземјен
спроводник или на еквипотенцијалниот заеднички спроводник
од инсталацијата.
-Проверете да не вршите дупчење низ електричните жици или
некои други пречки на ѕидот или таванот при инсталирањето.
-Доколку светилката се монтира на таванска или ѕидна кутија,
задолжително треба кутијата прво да се покрие со капак. (на пр.
Холандија)
-Електричните жици никогаш не смеат да бидат прицврстувани
со спојка или превиткувани помеѓу светилката и површината за
монтирање.
-Секогаш земете ги во предвид сите технички спецификации
на светилката. Проверете ги информациите од етикетата на
светилката и од ова упатство.
Монтирање на вашата LivingColors светилка за таван
1.Секогаш изолирајте го напојувањето пред да започнете со какво
било инсталирање, одржување или поправка.
2.Соголете ги жиците како што е покажано на сликата
3.Доколку на вашиот таван има кутија за поврзување на тавански
светилки, тогаш директно поврзете ја таванската светилка преку
зашрафување на нејзината плоча на кутијата на таванот (цртеж 3)
4.Доколку на вашиот таван нема кутија за поврзување на тавански
светилки, тогаш најдете го местото на кое каблите излегуваат од
таванот. Издупчете две дупки на таванот, како што е прикажано
на цртеж 4, потоа првин вметнете ги пластичните типли и
зашрафете ја плочата на таванот.
5.Поврзете го кабелот за заземјување (обично со жолта боја со
црни ленти) на приклучокот за заземјување (кој се идентификува
со иконата
) во внатрешноста на основата на светилката
(цртеж 5).
6.Внимавајте на исправноста на боите на жиците при
инсталацијата: сина (Н) и кафеава (Ф). Соодветно поврзете ги
овие 2 жици, од електричната мрежа на завршните приклучоци во
внатрешноста на основата на таванската светилка.
68
MA0 000 021.indd 68
7.Ставете ја светилката на плочата која претходно ја зашрафивте
на таванот; прицврстете ја на двете страни преку зашрафување на
завртките (цртеж 7).
8.Вметнете го делот за поврзување од триножниот статив во
светилката – треба да слушнете звук на "кликнување" (цртеж 8).
9.Поставете ја светилката на триножниот статив и насочете ја
LivingColors светилката кон таванот (цртеж 9). LivingColors
светилката ќе направи кратко прикажување на можните бои.
Можете да ја прилагодите должината на светилката преку
завртување на прстенот на средината од држачот, повлекување на
горниот дел од држачот до саканата должина, и потоа завртување
на прстенот во обратна насока заради фиксирање на позицијата
(цртеж 10). Исто така, можете да ја повлечете светилката на
едната или другата страна, за да ја најдете најдобрата позиција.
На почеток:
1.Отворете го одделот за батерии на далечинскиот управувач со
повлекување на копчето на задната страна. Вметнете 3 AAA батерии
(+ и – како што е покажано) (цртеж a).
2.Вклучете ја LivingColors светилката со кратко притиснување на
"I" (вклучено) на копчето за вклучување/исклучување поставено на
далечинскиот управувач (цртеж c).
3.Создадете сопствен амбиент со помош на:
-Допирајќи ја саканата боја на тркалцето за боја. Можете да го
движите прстот по тркалцето за боја за да ја прилагодите бојата
(цртеж d)
-Менувајќи ја заситеноста на бојата (со додавање повеќе бела боја
на тековната боја). Притиснете на (
(
) за попастелна боја (цртеж a). На крај ќе дојдете до бела боја.
-Придушување. Засилете (
) или намалете (
на светлината со помош на копчињата за придушување (цртеж f).
4.Исклучете ја LivingColors светилката со кратко притиснување на
копчето "0" (исклучено). LivingColors светилката ќе го зачува вашето
последно поставување на бојата за наредното користење (цртеж c).
Направете повеќе со LivingColors:
1.Режим на автоматско менување на боите
Повлечете со прстот околу тркалцето за боја (еден полн круг) и
кратко притиснете на "I" ("Вклучено"); LivingColors ќе премине во
режим на автоматско менување на боите: светилката ќе започне
автоматски да ги менува боите.
Можете да ја прилагодите брзината со која се менуваат боите.
Брзината може да се прилагоди во насока на движењето на
стрелките на часовникот, од побрзо (темно сина боја на тркалцето
за боја) кон побавно (виолетова боја) (цртеж g). Можете да
допрете каде било на тркалцето за боја. Додека сте во режим на
автоматско менување на боите, исто така можете да ги прилагодите
заситеноста и осветленоста на боите.
За да се вратите во режим на непроменливи бои, повторно
повлечете со прстот околу тркалцето за боја и потоа притиснете
"0". Алтернативно, можете да го исклучите LivingColors на "0" и
повторно да го вклучите на "I". (цртеж a)
) за подлабока боја или на
) го интензитетот
2009-08-13 10:20:55

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

6914948phLivingcolors generation2

Table of Contents