Makita DCF301 Instruction Manual page 179

Cordless fan
Hide thumbs Also See for DCF301:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
12. Не користете во близина на отворен пламен,
жар или со алатот во средини каде што постои
опасност од експлозија, како на пример во
присуство на запаливи течности, гасови или
прашина. Уредот создава искри што може да ја
запалат прашината или испарувањата.
13. Никогаш не користете го уредот на влажни
места, како на пример во бањата.
14. Уредот е само за употреба во затворен простор.
Никогаш не користете го уредот надвор.
15. Овој уред е наменет за употреба во
домаќинството.
16. Внимателно прочитајте ги ова упатство за
употреба и упатството за употреба за полначот
пред употребата.
17. Ако забележите нешто абнормално, веднаш
запрете со работа.
18. Ако го испуштите или удрите уредот,
внимателно проверете дали на него
има пукнатини или оштетувања пред да
продолжите со работа.
19. Не доближувајте го уредот до печки или други
топлински извори.
20. Не користете ако има скршени, извиткани,
напукнати или оштетени делови. Веднаш треба
да се престане со користењето на секој уред што
изгледа оштетен на каков било начин или работи
абнормално. Проверете пред секое користењеј.
21. Не оставајте го уредот вклучен и без надзор.
22. Не злоупотребувајте го адаптерот за
двонасочна струја. Никогаш не користете го
кабелот на адаптерот за да го носите уредот и
не влечете го приклучокот од штекерот. Држете
го адаптерот за двонасочна струја подалеку
од топлина, масло, остри агли или подвижни
делови. Веднаш заменете го оштетениот
адаптер. Оштетениот адаптер може да го
зголеми ризикот од електричен удар.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
2.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
Кога батеријата не се користи, држете ја
3.
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
4.
При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде
во допир со очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течноста што истекла од
батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
5.
Не користете батерии или алат што се
оштетени или менувани. Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
6.
Не изложувајте ги батериите или алатот
на оган или прекумерна температура.
Изложувањето на оган или температура над
130°C може да предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење
7.
и не полнете ги батериите или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството. Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од оган.
КОРИСТЕЊЕ И ГРИЖА ЗА
БЕЗЖИЧНИОТ ВЕНТИЛАТОР
1.
Користете го правилниот безжичен вентилатор
за вашата примена. Не користете го
вентилаторот за цел за којашто не е наменет.
2.
Уредот може да работи со литиум-јонска
касета за батерија на Makita назначена во
делот „СПЕЦИФИКАЦИИ" во овој прирачник со
упатства или адаптерот за двонасочна струја.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од пожар. Полнете ги батериите само со
назначениот полнач. Полнач што може одговара
за еден тип батерија може да создаде ризик од
пожар кога се користи со друга батерија.
3.
Складирајте го уредот што не се употребува
надвор од дофат на деца и други необучени лица.
4.
Извадете ја касетата за батерија и адаптерот
за двонасочна струја од изворот на напојување
пред да го складирате уредот, притоа
извршувајќи ги сите постапки на проверка,
одржување или чистење. Овие превентивни
безбедносни мерки може да го намалат ризикот
од случајно стартување на уредот.
5.
Кога касетата за батерија не се користи,
чувајте ја подалеку од други метални предмети.
Краткиот спој на батериските приклучоци може
да доведе до искри, изгореници или пожар.
6.
Исклучете го уредот и дозволете да се излади
пред да извршите какви било постапки на
проверка, одржување, чистење или складирање.
7.
Не дозволувајте познавањето на уредите да
ве нарави невнимателни. Запомнете дека
невнимателноста за само дел од секунда може
да предизвика сериозна повреда.
8.
Секогаш поставувајте го уредот на рамна и
стабилна површина. Доколку уредот падне,
може да предизвика телесна повреда или
негово оштетување.
9.
Не користете батерии, додатоци или прибор
што не ги препорачува производителот на
овој уред. Користењето батерии, додатоци
или прибор што не се препорачани може да
резултира со тешка телесна повреда.
10. Држете ја косата или лабавата облека, како
на пример шамија, подалеку од вентилаторот.
Таа може да се фати во вентилаторот и да
резултира со телесна повреда.
179 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents