Makita CF101D Instruction Manual page 183

Cordless fan
Hide thumbs Also See for CF101D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Систем за заштита на уред / батерија
Уредот е опремен со систем за заштита. Овој систем автоматски го прекинува напојувањето до моторот за да
го продолжи работниот век на уредот и батеријата. Уредот автоматски ќе запре во текот на работењето ако
уредот или батеријата се најдат под еден од следниве услови.
- Заштита од преоптоварување: Кога уредот се употребува на начин што предизвикува да влече абнормално
висока струја, уредот автоматски запира без никакво укажување. Во оваа ситуација, исклучете го уредот и
запрете ја примената што предизвикала уредот да се преоптовари. Потоа вклучете го уредот да рестартира.
- Заштита од прекумерно загревање: Кога уредот е прекумерно загреан, тој автоматски запира. Дозволете
уредот да се излади пред повторно да го вклучите.
- Заштита од прекумерно празнење: Кога капацитетот на батеријата се намалува, уредот автоматски запира.
Ако уредот не функционира дури и кога се работи со прекинувачите, извадете ја батеријата од уредот и
заменете ја.
Вклучување / исклучување на вентилаторот (Сл. 1, 2)
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (1) за да го вклучите вентилаторот. Повторно притиснете
го копчето за вклучување/исклучување за да го исклучите вентилаторот.
Менување на брзината на струење (Сл. 5)
Притиснете го копчето за менување на брзина на струење (2) додека вентилаторот работи. Брзината на
струење се зголемува секогаш кога ќе го притиснете копчето. Брзината на струење ќе се врати на најниското
ниво кога работи со најголема брзина.
Безжичниот вентилатор ќе започне со истата брзина како претходната поставка.
Прилагодување на аголот на главата на вентилаторот (Сл. 6, 7)
Аголот на главата на вентилаторот може да се прилагодува рачно. Опсегот на движење на главата на
вентилаторот е како што е прикажано на сликата.
За DCF102, притиснете го и задржете го копчето за ослободување (8) кога го прилагодувате аголот на главата
на вентилаторот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не вртете ја главата на вентилаторот повеќе од неговиот опсег на движење.
Осцилирање на главата на вентилаторот (Сл. 8)
Притиснете го копчето за осцилирање (4) за да осцилира главата на вентилаторот. Повторно притиснете го
копчето за да запре осцилирањето.
Главата на вентилаторот започнува да осцилира од моменталната положба кога е притиснато копчето за
осцилирање. Главата на вентилаторот осцилира со опсег на агол од 90 степени.
ВНИМАНИЕ:
• Кога главата на вентилаторот осцилира, отстранете ги пречките од опсегот на движење на главата на
вентилаторот. Безжичниот вентилатор може да биде турнат и да падне од осцилацијата.
• Не запирајте ја осцилацијата со држење на главата на вентилаторот. Секогаш притискајте го копчето за
осцилирање за да запре.
ЗАБЕЛЕШКА:
Во зависност од положбата на главата на вентилаторот, можно е главата на вентилаторот да не осцилира
набрзо по притиснувањето на копчето за осцилирање поради механизмот за осцилирање.
Тајмер за автоматско исклучување (Сл. 9)
Притиснете го копчето на тајмерот за автоматско исклучување (3) додека вентилаторот работи. Траењето на
активацијата на тајмерот за автоматско исклучување се менува секогаш кога ќе го притиснете копчето (1 час /
2 часа / 4 часа / исклучено).
Бројот под секој индикатор на тајмер за автоматско исклучување ги покажува преостанатите час(ови) за
исклучување на вентилаторот. Индикаторот на тајмерот за автоматско исклучување ќе се исклучи со времето.
ЗАБЕЛЕШКА:
Во зависност од типот на батерија и нејзиниот преостанат капацитет, тајмерот за автоматско исклучување
може да се активира порано од поставеното време.
183

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcf102

Table of Contents