Makita CF101D Instruction Manual page 179

Cordless fan
Hide thumbs Also See for CF101D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
22. Кога го користите адаптерот за електрично напојување (опционален прибор), не злоупотребувајте
го. Никогаш не користете го кабелот на адаптерот за да го носите вентилаторот или да го исклучите
приклучокот од приклучницата. Чувајте го адаптерот за електрично напојување подалеку од топлина,
масло, остри рабови или делови што се движат. Веднаш заменете го оштетениот адаптер. Оштетениот
адаптер може да го зголеми ризикот од струен удар.
УПОТРЕБА И ГРИЖА ЗА БЕЗЖИЧНИОТ ВЕНТИЛАТОР
1. Користете го соодветниот безжичен вентилатор за вашата примена. Не користете го вентилаторот за цел
за која не е наменет.
2. Безжичниот вентилатор може да работи со Makita Li-ion батерија назначена во делот „СПЕЦИФИКАЦИИ"
на ова упатство за работа или со адаптер за електрично напојување доставен како опционален прибор.
Употребата на какви било други батерии може да создаде ризик од пожар. Полнете ги батериите само со
наведениот полнач. Полнач што може да биде соодветен за еден тип батерија може да предизвика ризик
од пожар кога се користи со друга батерија.
3. Складирајте го безжичниот вентилатор што е во мирување надвор од дофат на деца и други необучени
лица.
4. Исклучете ја батеријата и адаптерот за електрично напојување (опционален прибор) од напојувањето
пред да го складирате вентилаторот. Ваквите превентивни безбедносни мерки може да го намалат ризикот
од несакано вклучување на вентилаторот. Секогаш вадете ја батеријата и исклучувајте го вентилаторот
од неговата електрична приклучница пред да вршите каква било постапка на проверка, одржување или
чистење.
5. Кога батеријата не се користи, чувајте ја подалеку од други метални предмети. Предизвикување на краток
спој со спојување на половите на батеријата може да предизвика искри, изгореници или пожар.
6. Исклучете го уредот и дозволете да се излади пред да вршите какво било чистење или одржување.
7. Не дозволувајте познавањето на начинот на работа со уредот да ве направи невнимателеи. Запаметете
дека невнимателноста во дел на секунда е доволна за да предизвика сериозна повреда.
8. Кога ја ставате/вадите батеријата или го вклучувате/исклучувате адаптерот за електрично напојување
(опционален прибор), секогаш ставајте го безжичниот вентилатор на рамна и стабилна подлога.
9. Не користете никакви батерии, додатоци или прибор што не се препорачани од производителот на овој
уред. Користењето на батерии, додатоци или прибор што не се препорачани може да доведе до сериозна
лична повреда.
СЕРВИС
1. Сервисот на безжичниот вентилатор мора да се извршува само од квалификуван сервисен персонал.
Сервисот или одржувањето извршени од страна на неквалификуван перонал може да доведат до ризик од
повреда.
2. Кога сервисирате безжичен вентилатор, користете само идентични резервни делови. Користењето на
неовластени делови или неуспехот да се следат упатствата за одржување може да создадат ризик од
струен удар или повреда.
3. Не палете го овој вентилатор, дури и ако е многу оштетен. Батериите може да експлодираат во оган.
Фрлете го вентилаторот во отпад согласност со локалните прописи.
БАТЕРИЈА
1. Спречете несакано стартување. Осигурете се дека прекинувачот е во положба исклучено пред да го
поврзете со батеријата, да го подигнете или да го носите уредот. Носењето на уредот со вашиот прст на
прекинувачот или напојување уред чиј прекинувач е на вклучено предизвикува несреќи.
2. Исклучете ја батеријата од уредот пред да правите какви било прилагодувања, да менувате прибор или
да го складирате уредот. Ваквите превентивни безбедносни мерки го намалуваат ризикот од несакано
вклучување на уредот.
3. Полнете само со полнач наведен од производителот. Полнач што е соодветен за еден тип на батерија
може да предизвика ризик од пожар кога се користи со друга батерија.
4. Користете уреди само со посебно одредена батерија. Употребата на каква било друга батерија може да
создаде ризик од повреда и пожар.
5. Под насилни услови, течност може да биде исфрлена од батеријата; избегнувајте контакт. Ако случајно
дојде до контакт, исплакнете со вода. Ако течноста навлезе во очите, дополнително побарајте медицинска
помош. Течноста исфрлена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
6. Не користете батерија или уред што се оштетени или модификувани. Оштетени или модификувани
батерии може да покажат непредвидливо однесување што би довело до пожар, експлозија или ризик од
повреда.
7. Не изложувајте ја батеријата или уредот на оган или прекумерни температури. Изложувањето на оган
или температура над 130°С може да предизвика експлозија. Температура од 130°C може да се замени со
температура од 265°F.
179

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcf102

Table of Contents