Makita DLS714 Instruction Manual page 95

Cordless slide compound
Hide thumbs Also See for DLS714:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Обезбедување на работниот
материјал
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
секогаш да го прицврстувате работниот
материјал правилно со соодветен вид на
менгеме. Во спротивно, може да дојде до тешка
телесна повреда и да се предизвика оштетување
на алатот и/или работниот материјал.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
материјал што е подолг од потпорната основа
на пилата, потпрете ја целата должина
на материјалот надвор од потпорната
основа и на иста височина за да се одржува
материјалот рамен. Правилната потпора на
работниот материјал помага во избегнувањето
на заглавување на сечилото и можен повратен
удар што може да резултира со тешка телесна
повреда. Не потпирајте се само на вертикалното
и/или хоризонталното менгеме за прицврстување
на работниот материјал. Слабиот материјал има
тенденција да се витка. Потпрете го работниот
материјал по целата негова должина за да
избегнете заглавување на сечилото и можен
ПОВРАТЕН УДАР.
► Сл.38: 1. Потпора 2. Вртлива основа
Вертикално менгеме
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
го работниот материјал до вртливата основа
и насочниот граничник со менгемето за време
на целата работа. Во спротивно, материјалот
може да се придвижи за време на сечењето, да
предизвика оштетување на сечилото и да биде
отфрлен, што може да резултира со губење на
контролата и тешка телесна повреда.
Монтирајте го вертикалното менгеме или од левата или
од десната страна на насочниот граничник или склопот
на држачот (опционален додаток). Вметнете ја шипката
на менгемето во дупката во насочниот граничник или
склопот на држачот и затегнете ја долната завртка за
да ја прицврстите шипката на менгемето.
► Сл.39: 1. Рачка на менгеме 2. Шипка на менгеме
3. Насочен граничник 4. Држач 5. Склоп
на држачот 6. Копче на менгеме 7. Долна
завртка 8. Горна завртка
Позиционирајте ја рачката на менгемето во
согласност со дебелината и обликот на работниот
материјал и прицврстете ја рачката на менгемето
со стегнување на горната завртка. Доколку горната
завртка дојде во допир со насочниот граничник,
поставете ја горната завртка од спротивната страна
на рачката на менгемето. Уверете се дека ниту
еден дел од алатот не е во допир со менгемето кога
целосно ја спуштате рачката и кога го повлекувате или
туркате носачот до крај. Ако некој дел дојде во допир
со менгемето, одново позиционирајте го менгемето.
Притиснете го работниот материјал до насочниот
граничник и вртливата основа. Позиционирајте
го работниот материјал на саканата положба за
сечење и прицврстете го со стегнување на тркалото
на менгемето.
Многу е важно
Кога сечете работен
Добро прицврстете
95 МАКЕДОНСКИ
Хоризонтално менгеме
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
работниот материјал само кога индикаторот е
на највисоката положба. Во спротивно, можно
е работниот материјал да не биде доволно
прицврстен. Тоа може да предизвика работниот
материјал да биде фрлен, да предизвика
оштетување на сечилото или губење на
контролата, што може да резултира со телесна
повреда.
► Сл.40: 1. Копче на менгеме 2. Индикатор 3. Оска
на менгеме 4. Основа
Хоризонталното менгеме може да се монтира од
левата страна на основата.
Со вртење на рачката на менгемето налево,
завртката се ослободува и оската на менгемето
може брзо да се движи навнатре и нанадвор. Со
вртење на рачката на менгемето надесно, завртката
останува прицврстена.
За да го стегнете работниот материјал, вртете
ја рачката на менгемето полека надесно додека
индикаторот не ја достигне неговата највисока
положба, а потоа, цврсто стегнете ја. Ако рачката
на менгемето со сила се турне или повлече додека
се врти надесно, индикаторот може да застане под
агол. Во таков случај, вртете ја рачката на менгемето
налево сè додека завртката не се ослободи, а потоа
свртете ја полека надесно.
Максималниот капацитет на хоризонталното
менгеме е 120 мм во ширина.
Држачи и склоп на држачи
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
поддржувајте го долгиот работен материјал
за да биде во рамна положба со горната
површина на вртливата основа за да се изведе
прецизно сечење и да се спречи опасноста од
загуба на контролата. Правилната потпора на
работниот материјал помага во избегнувањето на
заглавување на сечилото и можен повратен удар
што може да резултира со тешка телесна повреда.
Држачите и склопот на држачи (опционална
опрема) може да се монтираат од обете страни како
средства за хоризонтална потпора на работниот
материјал.
Монтирајте ги на страната на алатот, потоа цврсто
затегнете ги завртките за да ги обезбедите.
► Сл.41: 1. Држач 2. Склоп на држачот
Кога сечете долги работни материјали, користете го
склопот со шипка на држач (опционален додаток).
Тој се состои од склопови на држачи и две шипки 12.
► Сл.42: 1. Склоп на држачот 2. Шипка 12
Прицврстете го
Секогаш

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents