Makita DLS714 Instruction Manual page 92

Cordless slide compound
Hide thumbs Also See for DLS714:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
3.
Вртете го сечилото со рака додека ја држите
рачката целосно спуштена за да се осигурите дека
сечилото не допира ниту еден од деловите на
долната основа. Ако е потребно, извршете мали
нагодувања.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ново сечило и со отстранетата касета за
батерија, секогаш уверете се дека сечилото
не допира ниту еден од деловите на долната
основа кога рачката е целосно спуштена. Ако
сечилото дојде во контакт со основата, може
да предизвика повратен удар и да резултира со
тешка телесна повреда.
► Сл.19
Рака за стопирање
Долната гранична положба на сечилото може
лесно да се нагоди со раката за стопирање. За
да ја нагодите, поместете ја раката за стопирање
во насока на стрелката како што е покажано на
сликата. Завртете ја завртката за нагодување и
целосно притиснете ја рачката надолу за да го
проверите резултатот.
► Сл.20: 1. Завртка за нагодување 2. Рака за
стопирање
Долен граничник
Конкретно за држава
ВНИМАНИЕ:
Кога извршувате лево
закосено сечење, превртете го долниот
граничник нанадвор. Во спротивно, тој може да
дојде во допир со сечилото или со дел на алатот
и може да предизвика тешка телесна повреда на
операторот.
► Сл.21: 1. Долен граничник
Овој алат е опремен со долен граничник.
Вообичаено, долниот граничник се поставува
внатре. Сепак, кога извршувате лево закосено
сечење, превртете го нанадвор.
Нагодување на аголот на спојот
► Сл.22: 1. Вртлива основа 2. Покажувач 3. Скала
за спој 4. Лост на блокирачот 5. Дршка
1.
Олабавете ја дршката во насока спротивна на
стрелките на часовникот.
2.
Притиснете надолу и држете го лостот на
блокирачот, а потоа нагодете го аголот на вртливата
основа. Користете го покажувачот и скалата на
спојот како насочувач.
3.
Стегнете ја цврсто дршката во насока
спротивна на стрелките на часовникот.
ВНИМАНИЕ:
По промената на аголот на
спојот, секогаш прицврстувајте ја вртливата
основа цврсто стегнувајќи ја дршката.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ја вртите вртливата
основа, целосно подигнувајте ја рачката.
По монтирањето
92 МАКЕДОНСКИ
Нагодување на аголот на
закосеност
За да го нагодите аголот на закосеност, олабавете го
лостот на задниот дел од алатот вртејќи го налево.
► Сл.23: 1. Лост 2. Копче за ослободување
За да го навалите сечилото налево, држете ја
рачката и навалете го носачот. Користете ја скала
на закосеност и покажувачот како насочувач. Потоа,
стегнете ја цврсто рачката вртејќи ја надесно за да ја
прицврстите раката.
► Сл.24: 1. Покажувач 2. Скала за закосеност
3. Рака
За да го навалите сечилото надесно, држете ја
рачката и полека навалете го носачот налево, а
потоа притиснете го копчето за ослободување.
Додека е притиснато копчето за ослободување,
навалете го сечилото надесно. Потоа стегнете го
лостот.
ВНИМАНИЕ:
По промената на аголот на
закосеност, секогаш прицврстувајте ја раката
стегнувајќи ја рачката со вртење надесно.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога го навалувате сечилото,
осигурете се рачката да е целосно подигната.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ги менувате аглите
на закосеност, позиционирајте ја основата
со засеци соодветно како што е објаснето
во делот „Позиционирање на основите со
засеци".
Нагодување на положбата на
лостот
Доколку лостот не обезбеди целосно затегање со
текот на времето, сменете ја неговата положба.
Лостот може да се премести на секој агол од 30°.
Олабавете и отстранете ја завртката што го
обезбедува лостот. Извадете го лостот и повторно
монтирајте го така што малку ќе биде насочен
малку над хоризонталата. Потоа затегнете го цврсто
лостот со завртката.
► Сл.25: 1. Лост 2. Завртка

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents