Makita DMR107 Instruction Manual page 60

Job site radio
Hide thumbs Also See for DMR107:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)
Симболи
Долунаведените симболи се користат кај опремата.
Видете што значат пред да почнете да работите.
Прочитајте го упатството.
Само за земјите од ЕУ
Cd
Не фрлајте ја електричната опрема или
Ni-MH
Li-ion
батеријата заедно со домашниот отпад!
Земајќи ги предвид европските директива
за отпадна електрична и електронска
опрема и за батерии и акумулатори и
отпадни батерии и акумулатори и нивното
спроведување во согласност со
националните закони, електричната
опрема и батеријата/ите на крајот на
нивниот работен век мораат да се
собираат одделно и да се вратат во
еколошки објект за рециклирање.
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ
УПАТСТВА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога користите електрични алати, основните
безбедносни мерки на претпазливост треба секогаш
да се почитуваат за да се намали ризикот од пожар,
струен удар и телесна повреда, вклучувајќи ги
следниве:
1. Внимателно прочитајте ги ова упатство за
употреба и упатството за употреба за полначот
пред употребата.
2. Чистете само со сува крпа.
3. Не блокирајте ги отворите за вентилација.
Инсталацијата извршете ја во согласност со
упатствата на производителот.
4. Не монтирајте го во близина на какви било извори
на топлина, како на пример, радијатори, греалки,
печки или други апарати (вклучувајќи засилувачи)
што произведуваат топлина.
5. Користете само додатоци/прибор што се
назначени од страна на производителот.
6. Откачувајте го овој апарат од напојување во време
на бури или кога не се користи подолги временски
периоди.
7. Радио на батерии со интегрирани батерии или
одделен патрон со батерии мора да се полни само
со назначениот полнач за батеријата. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да создаде
ризик од пожар кога се користи со друга батерија.
8. Исклучиво користете го радиото на батерии со
конкретно наменети патрони со батерии.
Користењето други батерии може да создаде ризик
од пожар.
9. Кога батеријата не се користи, држете ја настрана
од други метални предмети, како што се
спојувалки, монети, клучеви, шрафови или други
мали метални предмети што можат да послужат
како врска од еден на друг приклучок. Краткиот
спој на батериските приклучоци може да создаде
искри, или да доведе до изгореници или пожар.
10. Избегнувајте телесен контакт со заземјени
површини, како што се цевки, радијатори, шпорети
и фрижидери. Постои зголемен ризик од струен
удар ако вашето тело е заземјено.
11. При случаи на злоупотреба, од батеријата може да
истече течност. Избегнувајте контакт со неа. Ако
дојде до ненамерен допир, измијте со вода. Ако
течноста дојде во допир со очите, побарајте
дополнителна медицинска помош. Течноста што
истекла од батеријата може да предизвика
надразнување или изгореници.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПОСЕБНИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРАВИЛА
ЗА КАСЕТА СО БАТЕРИЈА
1. Пред користење на касетата со батеријата,
прочитајте ги сите упатства и предупредувања на
(1) полначот за батерии, (2) батеријата и (3)
производот што ја користи батерија.
2. Не расклопувајте ја касетата со батеријата.
3. Ако времето во работа станало прекумерно кратко,
престанете веднаш со работа. Тоа може да
резултира со ризик од презагревање, можни
изгореници и дури и експлозија.
4. Ако електролит навлезе во вашите очи, измијте ги
со чиста вода и побарајте медицинска нега
веднаш. Тоа може да резултира со губење на
вашиот вид.
5. Немојте да правите краток спој на касетата со
батеријата.
(1) Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2) Избегнувајте да ја чувате касетата со
батеријата во сад со други метални предмети
како што се шајки, монети и сл.
(3) Не изложувајте ја касетата со батеријата на
вода или дожд. Краткиот спој на касетата со
батеријата може да предизвика голем проток на
електрична енергија, презагревање, можни
изгореници и дури и пад на напојувањето.
6. Не складирајте ги алатот и касетата со батеријата
на места каде температурата може да надмине
50°C (122°F).
7. Не спалувајте ја касетата со батеријата дури и кога
е многу оштетена или целосно потрошена.
Касетата со батеријата може да експлодира ако се
стави во оган.
8. Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9. Не користете оштетена батерија.
10. За да се избегне ризик, пред употребата треба да
се прочита упатството за заменливата батерија.
И максималната јачина на струја на батеријата
треба да биде еднаква или поголема од 8А.
Page 60

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents