Инсталација На Телевизорот; Монтирање На Телевизорот На Ѕид - Samsung UE49MU7000 User Manual

7 series
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
02 Инсталација на телевизорот
Монтирање на телевизорот на ѕид
Ако го монтирате овој телевизор на ѕид, тогаш придржувајте се строго до инструкциите што ги
наведува производителот. Доколку не го монтирате правилно, телевизорот може да излезе од
лежиштето или да падне, а притоа да предизвика сериозни повреди кај деца или возрасни и
сериозни оштетувања на телевизорот.
За моделите кои се испорачуваат со адаптери за монтирање на ѕид, инсталирајте ги како што е прикажано на
сликата подолу пред да го инсталирате комплетот со ѕиден носач.
• Погледнете го упатството за монтирање кое се испорачува со комплетот со ѕиден носач од Samsung.
• Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас
или другите лица, доколку изберете сами да го монтирате ѕидниот носач.
• Ѕидниот носач може да го инсталирате на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Пред да
го прицврстите ѕидниот носач на површини кои не се изработени од гипс картон, обратете се кај
најблискиот продавач за да добиете дополнителни информации. Ако го поставите телевизорот на таван
или ѕид кој е косо поставен, тој може да падне и да предизвика сериозни повреди.
• Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани во табелата на следната страница.
• Ако при инсталацијата користите држач за монтирање на ѕид од трета страна, имајте предвид дека
должината на завртките што можете да ги користите за да го прикачите телевизорот на држачот за
монтирање на ѕид е прикажана во колоната C во табелата на следната страница.
• При монтирање на комплетот со ѕиден носач, ви препорачуваме да ги прицврстите сите четири VESA
завртки.
• Ако сакате да инсталирате комплет со ѕиден носач што се монтира на ѕид само со две завртки на горниот
дел, тогаш користете комплет со ѕиден носач од Samsung што поддржува ваков вид на инсталација.
(Ваков вид на комплет со ѕиден носач може да не биде достапен за купување во зависност од
географскиот регион.)
Адаптер за монтирање на ѕид
Носач за
монтирање
на ѕид
Адаптер за монтирање на ѕид
Носач за
монтирање
на ѕид
ТВ
C
ТВ
C
Македонски - 7

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ue49mu7002Ue55mu7000Ue55mu7002

Table of Contents