Bosch GKE 35 BCE Professional Original Instructions Manual page 282

Hide thumbs Also See for GKE 35 BCE Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
OBJ_BUCH-716-006.book Page 282 Wednesday, August 17, 2016 3:54 PM
282 | Македонски
Сечење затегнато дрво (види слика H)
 Бидете исклучително внимателни кога сечете
затегнато дрво или гранки. Ваквата работа
препуштете ја на обучени професионалци. Постои
голем ризик од повреда.
Кога сечете цепаници прицврстени на двете страни,
почнете одгоре (Y) околу една третина во цепаницата, па
потоа завршете го резот оддолу (Z) за да избегнете
кинење на дрвото и заглавување на пилата. Избегнувајте
контакт со земјата.
Кога е цепаницата прицврстена само на еден крај, почнете
да сечете оддолу (Y) околу една третина во цепаницата, па
потоа завршете го резот одгоре (Z) за да избегнете
кинење на дрвото и заглавување на пилата.
Бувтање дрва (види слика I)
 Секогаш носете заштитен шлем за да се заштитите
од гранки кои паѓаат.
 Со пилата можат да се бувтаат само дрва чијшто
дијаметар е помал од должината на плочата за
ланецот.
 Обезбедете го просторот за работа. Внимавајте да
нема лица и животни во близина на дрвото што го
бувтате ().
 Не пробувајте да го отплеткате заглавениот ланец
додека пилата работи. Користете дрвени клинови за
да го ослободите заглавениот ланец.
Ако дрва бувтаат две или повеќе лица истовремено,
таквите операции треба да се вршат на меѓусобна
оддалеченост најмалку два пати поголема од должината на
дрвото што се бувта. Внимавајте да не доведете во
опасност други лица или животни, да не ја оштетите
електричната мрежа или други добра. Ако дрвото дојде во
контакт со електричната мрежа, веднаш известете го
соодветното претпријатие.
Ракувачот со пилата при бувтање на дрвото треба да се
тргне на погорната страна на падината, зошто дрвото
најверојатно ќе падне или ќе се стркала надолу.
Пред да се бувта дрвото, треба да се предвиди патека за
евакуација () и истиот да се расчисти. Патеката треба да
се простира наназад и дијагонално од предвидената
насока на паѓање на дрвото.
Пред бувтањето на дрвото, земете ја предвид природната
наваленост на дрвото, местоположбата на поголемите
гранки и насоката на ветрот, за да предвидите во која
насока ќе падне дрвото.
Отстранете ја валканштината, камењата, олабавената
кора, шајките и жиците од дрвото.
Аголно засекување: Направете го аголниот засек X–W
до 1/3 во дијаметарот на стеблот од предвидената страна
на паѓање. Прво направете го долниот, хоризонтален рез.
Со тоа ќе избегнете заглавување на ланецот или на
забецот кога ќе го правите вториот засек.
Заден засек за бувтање: Направете го засекот за
бувтање од задната страна (Y) најмалку 50мм над
аголниот засек. Засекот за бувтање од задната страна
треба да е хоризонтален (паралелен со долниот засек.)
1 609 92A 36B | (17.8.16)
Сечете само дотаму да е доволно дрво оставено во
средиштето да може да делува како пафта. Тој незасечен
дел во средиштето го спречува дрвото да се навали и да
падне во погрешна насока. Не сечете го средиштето.
Откако ќе се доближите до завршниот рез за оборување,
дрвото треба да почне да паѓа.
– Доколку забележите дека дрвото започнува да паѓа во
несакан правец или се навалува наназад, а синџирот на
пилата се заглавува, прекинете го сечењето и
исклучете ја пилата со синџир. За отворање на резот и
за навалување на дрвото во саканата линија на пад
употребете клин (Z) од дрво, пластика или алуминиум.
– Доколку дрвото не почне да паѓа по доближувањето до
завршниот рез, извадете ја пилата со синџир од резот
исклучете ја и ставете клин (Z) во хоризонталниот рез
за да падне дрвото.
Доколку дрвото почне да паѓа, извадете ја пилата со
синџир од резот (доколку претходно не сте ја извадиле)
исклучете ја и одложете ја настрана. Напуштете го
подрачјето на опасност по претходно испланирана патека.
Внимавајте на гранките што паѓаат и внимавајте да не се
сопнете.
Соголување на стеблото (види слика K)
Под соголување се подразбира отстранување на гранките
од паднатото дрво. При соголувањето, оставете ги
поголемите, пониски гранки на коишто се потпира дрвото.
Отстранете ги помалите гранки со еден засек, како што е
прикажано на сликата. Потфатените треба да се сечат од
дното нагоре за да се избегне заглавување на пилата.
Парчење на стеглото (види ги сликите L–O)
Парчење е сечење на стеблото на трупци. Важно е да
стоите стабилно на обете нозе. Ако е можно, стеблото
треба да се поткрене и да се потпре со помош на гранки,
трупци или цепаници. Следете ги едноставните упатства за
лесно сечење. Следете ги едноставните упатства за лесно
сечење.
Кога стеблото е потпрено по целата своја должина, се сече
одгоре надолу.
Кога е потпрено само на еден крај, пресечете 1/3 во
дијаметар од долната страна, а потоа завршете го засекот
одгоре.
Кога стеблото е потпрено на двата краја, сечете 1/3 во
дијаметар одгоре, а потоа завршете го засекот оддолу.
Ако го распарчувате дрвото на падина, секогаш стојте од
горната страна на стеблото. На крајот на секој засек
престанете да нанесувате притисок врз пилата, сеуште
цврсто држејќи за дршките, за да одржите потполна
контрола „над пилата". Не дозволувајте ланецот да ја
допре земјата. По завршувањето на засекот, почекајте
ланецот да застане пред да ја тргнете пилата. Секогаш
гаснете ја пилата кога се преместувате од едно до друго
дрво.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gke 40 bce professional

Table of Contents