Bosch GLM 50 C Professional Original Instructions Manual page 426

Laser
Hide thumbs Also See for GLM 50 C Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 28
OBJ_BUCH-2450-005.book Page 426 Thursday, August 25, 2016 8:38 AM
426 | Македонски
Активирање на Bluetooth®- интерфејс за пренос на податоци на мобилен
терминал
За активирање на Bluetooth®-интерфејсот притиснете на Bluetooth®-копчето 6 на
мерниот уред. За активирање на Bluetooth®-сигналот притиснете одново на
Bluetooth®-копчето 6 или копчето 3 [+]. Проверете дали Bluetooth®-интерфејсот
е активиран на вашиот мобилен терминал.
За надградба на обемот на функции на мобилниот терминал и за
поедноставување на обработката на податоци на располагање имате специјални
Bosch-апликации (Apps). Тие може да се преземат во соодветните продавници
во зависност од терминалот.
По старт на Bosch-апликацијата се воспоставува врска помеѓу мобилниот
терминал и мерниот уред. Доколку се пронајдени повеќе активни мерни уреди,
изберете го соодветниот мерен уред со помош на серискиот број.
Статусот на поврзување како и активната врска (a) ќе се прикажат на статусната
линија (h) на мерниот уред.
Деактивирање на Bluetooth®- интерфејс
За деактивирање на Bluetooth®-врската притиснете на Bluetooth®-копчето 6. За
деактивирање на Bluetooth®-сигналот одново притиснете на Bluetooth®-копчето
6 или копчето 8 [–] или исклучете го мерниот уред.
Совети при работењето
 Останатите информации ќе ги пронајдете на страната за производот од
Bosch, видете го QR-кодот, страна 8.
 Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс. Треба да се внимава на
локалните оперативни ограничувања, напр. во авиони или болници.
Општи напомени
Приемната леќа 14 и излезот на ласерскиот зрак 15 не смеат да бидат покриени
за време на мерењето.
За време на мерењето, мерниот уред не смее да се движи. Доколку е возможно,
поставете го мерниот уред на цврста подлога.
Влијанија на мерното поле
Мерното поле зависи од светлосните услови и рефлективните својства на
целната површина. При јако надворешно осветлување, за подобра видливост на
ласерскиот зрак, користете заштитни очила за ласер 18 (опрема) и целна табла
за ласерот 17 (опрема), или засенете ја целната површина.
1 609 92A 23J | (25.8.16)
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents