Bosch ART COMBITRIM 23 Original Instructions Manual page 149

Hide thumbs Also See for ART COMBITRIM 23:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 9
OBJ_BUCH-2342-003.book Page 149 Tuesday, March 8, 2016 1:21 PM
Исклучете го тримерот од
струја пред да направите било
каква корекција или чистење,
ако кабелот е заглавен или
ако го оставате тримерот без
надзор, макар и на кратко.
Струјниот кабел држете го
понастрана од елементите за
сечење.
Носете заштитни слушалки и
очила.
Не поткаструвајте додека
врне и не оставајте го
тримерот на отворено кога
врне.
Кога поткаструватe, внимавајте
гранчињата што летаат да не ги
повредат лицата коишто се наоѓаат
во непосредна близина.
Предупредување: Држете се на
безбедно растојание од косачката
додека таа работи.
Ракување
Оваа косачка не е наменета на
личности (и деца) со ограничени
физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на
искуство и знаење, освен ако не им
се обезбедени соодветни
инструкции или надзор за употреба
на косачката од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Bosch Power Tools
Внимавајте децата да не си играат
со косачката.
Никогаш не дозволувајте им на
деца или на необучени лица да гo
употребуваат тримерот. Државните
прописи можат да ја ограничат
возраста на ракувачот. Тримерот
чувајте го вон дофат на деца и кога
не е во употреба.
Не употребувајте го тримерот со
оштетени или истрошени
штитници, или ако штитниците не се
монтирани.
Пред употреба проверете го
напојниот и, доколку постои,
продолжниот кабел за знаци на
оштетување или стареење. Ако
кабелот е оштетен за време на
употребата, извадете го од утикач.
НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО КАБЕЛОТ ПРЕД
ДА ГО ИЗВАДИТЕ ОД УТИКАЧ. Не
употребувајте го тримерот ако
кабелот е оштетен или скинат.
Ако кабелот е оштетен, мора да
биде заменет од страна на
произведувачот, неговиот
овластен сервисер или подеднакво
квалификуван сервис, со цел да се
избегне незгода.
Продолжниот кабел држете го
понастрана од елементите за
сечење.
Пред употреба и после удар
проверете дали е уредот оштетен
или изабен и спроведете ги
евентуалните потребни поправки.
Не употребувајте го уредот ако сте
болни или под влијание на алкохол,
дрога или лекови.
Македонски | 149
F 016 L81 549 | (8.3.16)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents